Home Десерти Брз десерт со јаболка што мириса неодоливо: готов за 30 минути, а...

Брз десерт со јаболка што мириса неодоливо: готов за 30 минути, а вкусот е како од пекарница

десерт со јаболка

Овие залчиња со јаболка се прават за 30 минути, а исчезнуваат за 5

Брзите залчиња со јаболка и цимет се совршен избор кога ви треба едноставен десерт со готово лиснато тесто, а сакате резултат како од пекарница.

Мирисот на топол цимет и карамелизирани јаболка создава вистинска празнична атмосфера, а подготовката е толку лесна што ќе ги правите повторно и повторно, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

десерт со јаболкадесерт со јаболка

🛒 Потребни состојки:

За тестото:
• 1 пакување лиснато тесто
• 1 јајце (за премачкување)

За филот:
• 3 јаболка (изрендани и добро исцедени)
• 30 г кафеав шеќер
• 1–2 лажички цимет
• НМД

За посипување:
• 30 г кафеав шеќер
• 1 лажичка цимет

десерт со јаболкадесерт со јаболка

👩‍🍳 Постапка:

1. Подготовка на јаболката:
Излупете ги јаболката и изрендајте ги. Веднаш потоа добро исцедете ги од вишокот сок за да не го навлажнат тестото.

2. Подготовка на филот:
Во сад измешајте ги исцедените јаболка, кафеавиот шеќер и циметот додека добиете ароматична смеса.

3. Филување:
Раcукајте го лиснатото тесто (доколку е потребно) и рамномерно распоредете фил на едниот крај по должина. Преклопете да се направи ролничка.

4. Обликување:
Продолжете на ист начин до крај. Наредете ги ролатите во плех обложен со хартија за печење.

Со нож или сечко за пица засечете ги ролатите на мали парчиња, но не ги одвојувајте целосно.

5. Печење:
Премачкајте ги со изматено јајце и печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 25–28 минути, додека добијат златна боја.

6. Финален чекор:
Оставете ги да се изладат 5 минути на решетка. Додека се уште топли, внимателно одвојте ги и валкајте ги во мешавина од кафеав шеќер и цимет.

🍽️ Совет:

Овие залчиња се највкусни додека се топли, но одлични се и целосно изладени – идеални за појадок, десерт или кафе пауза. Постапката погледнете ја ТУКА.