Брз ЧОКО ПЛАЗМА колач кој се подготвува за 10 МИНУТИ…Рецепт за секој ден, се топи во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 литар млеко
150 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
50 г какао во прав
160 г гриз
50 г чоколадо за готвење
3 лажици мелена плазма
за валање малку мелена плазма

ПОСТАПКА:

1.Во тенџере сипете млеко и додајте шеќер, какао, ванила и гриз. Промешајте и оставете да зоврие, па малку намалете ја температурата. Мешајте непрекинато додека да згусне.

2.Во врелата смеса додајте чоколадо искршено на коцки и мешајте додека да се растопи. Потоа додајте 3 полни лажици мелена плазма и повторно промешајте.

3.Калап со средна големина натопете го со ладна вода, па сипете ја смесата и рамномерно израмнете. Оставете да се олади на собна температура прекриено со проѕирна фолија. Потоа колачот ставете го во фрижидер 4-5 часа.

4.По изминатото време сечете коцки, а потоа коцките валајте ги во мелена плазма. Постапката погледнете ја ОВДЕ.