Потребни состојки за бисквит:
500 г мелени бисквити
2 полни лажици квалитетно какао или чоколадо во прав
100 г шеќер
1 ванилин шеќер (или неколку капки екстракт од ванила)
300 мл кафе
За крем:
2 жолчки
150 г шеќер во прав
1 ванилин шеќер или неколку капки екстракт од ванила
50 мл ликер, рум, ванила бурбон, чоколадо по вкус – по избор
150 г путер или маргарин
Постапка:
Измешајте ги состојките за крем.
Во друг сад измешајте ги состојките за бисквитот, измесете со раце. На работната подлога ставете парче проѕирна фолија малку намастена, па со оклагија развлечете ја смесата во правоаголник со должина од околу 30 см.
За крем: во оригиналниот рецепт се ставаат живи жолчките, но јас практикувам да ги зготвам на пареа. Ги варам со шеќерот и ванилин шеќерот на пареа, па ги спојувам со пенасто изматен путер и рум или ликер (или нешто по ваша желба).
Врз бисквитната кора нанесете го филот од жолчки и свиткајте го ролатот.
Изладете го барем 1-2 часа пред послужување. По желба украсете со какао, чоколадо во прав, чоколадни трошки или рендано чоколадо.