Лековитата смеса од банани е одлично природно средство против кашлица чија ефикасност е проверена и во лекувањето на упорната кашлица, како и на бронхитис.
Посебно е делотворна кај децата, бидејќи не ја отфрлаат како другите лекови поради вкусот, но и кај возрасните.
Вкусна е, здрава, и многу хранлива, па благотворно делува и врз желудникот.
Ако вашето дете го мачи болното грло и кашлица – задолжително пробајте да ја направите оваа чудесна смеса.
Потребни состојки:
2 средни зрели банани (најдобро да бидат оние со кафеави дамки)
2 лажици шеќер или мед (ако додавате мед, тогаш тој се става кога смесата малку ќе подизлади, бидејќи медот ги губи своите својства на високи температури)
400 мл зовриена вода
Постапка:
Излупете ги бананите. Добро изгмечете ги со виљушка или лажица (најдобро со дрвена или пластична за да не потемнат).
Додадете го шеќерот и добро промешајте. Прелијте со врела вода, поклопете и оставете да отстои 30 минути. Ако користите мед, него ставете го на крајот, кога оваа смеса ќе се олади.
Смесата процедете ја низ пластична цедалка, но и не мора доколку не сакате.
ДОЗИРАЊЕ: Пред консумирање малку загрејте ја смесата да биде млака. Се консумира 4 пати дневно (по околу 100 мл).
Секој ден направете нова доза – лесно е. За неколку денови кашлицата ќе престане. Не ви се потребни скапи лекови!