Сигурна сум дека некогаш сте ја пробале оваа пита бидејќи рецептот датира од пред нашите баби. Тие често ја подготвуваа од малку намирници, а од неа се најадуваше целото семејство. Сите бевме сити и среќни. Време е да се потсетиме на овој рецепт кој лесно се подготвува, а за питата немам зборови.
Слоевита, сочна, вкусна… Се залива со вкусен прелив кој уште толку ја прави посочна, а за него ви се потребни само брашно, сол и вода. Нема квасец, не се чека да нараснува, ниту се меси. Пробајте го рецептот на Валентина, кој ќе ве наврати во старите, добри времиња. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 г-1 кг брашно, 2 лажички сол, 1,5 литар вода, 200 г домашна маст (може да користите и масло). Кој сака може да додаде сирење или крем сирење. Во оригиналниот рецепт не се става.
Коментар на Сунчица: „Ја правам често, моите деца ја обожаваат. Никогаш не сум правела со свинска маст, ја правам со крем и малку сирење. Треба да пробам да ја направам на овој начин. Некои додаваат кисело млеко и растителна маст. Како и да се направи, превкусна е.“
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад истресете го брашното. Потребно е околу 1 кг брашно, но секојпат кога го додавате како прва намирница, ставете помалку, отприлика 800 г, па по потреба додајте повеќе. Во брашното направете мала дупка каде ќе додадете 2 лажички шеќер.
Промешајте нежно со жица или маталка, па постепено сипувајте 1,5 литар млака вода, на собна температура. Како што ја сипувате водата во тенок млаз, константно мешајте со маталката до соединување. Смесата треба да биде малку погуста од онаа за палачинки.
Подгответе си ја свинската маст и во посебен сад подгответе си издробено сирење (по потреба посолете го). Koj не сака, може питата да ја подготвува и без сирење. Еден огноотпорен сад (јас користев кружен) добро намастете го со свинска маст на дното и од страните во подебел слој.
Вклучете ја рерната да се загрее на 220 степени и ставете го подмачканиот сад во рерната на самото дно, без решетка да се загрее. Кога рерната ќе се загрее, внимателно извадете го и плехот од рерна и во тенок слој сипете од преливот кој го подготвивте.
Сипувате со кутлача, како да излевате палачинки во тавче, додека да се покрие целата површина на садот. Вратете во рерна во долниот дел, да се потпече. Кога површината на смесата ќе фати коричка, премачкајте одозгора со малку свинска маст, па исклучете го долниот грејач од рерната.
Наредете малку сирење, па сипете втор слој, но не врз целата површина на првата кора. Вратете во рерна да се пече на горен грејач. Постапката ја подготвувате додека да го потрошите преливот и не мора на секој слој да редите сирење, само премачкувајте со маст.
Смесата се сипува разлеано на некои делови од површината, само првата мора да го покрие целото дно на садот. При сипување на вториот прелив, процесот на печење оди многу побрзо. Пред да го сипете последниот фил, намастете, издробете сирење и прелијте го целиот остаток од преливот.
Вратете во рерна на уште 10-тина минути. Постапката ќе ви одземе приближно 1 час, сосе печењето. Оставете ја питата да се олади, па послужете ја топла со шолја јогурт. Оваа пита е позната по тоа што се јаде со раце, дечињата ја обожаваат. Деталите од целата постапка може да ги погледнете ОВДЕ.