Брашно, јајца, млеко и рендан компир…Најубавите палачинки за појадок! Ако сакате вкусен и здрав оброк, испробајте ги овие палачинки со зеленчук…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со иста чаша од 200 или 250 мл):

1 тиквичка
1 голем компир
3 јајца
1.5 чаша млеко
1 чаша брашно
1 мала лажичка прашок за печиво
1 врзоп млад зелен кромид
1 китка магдонос

ПОСТАПКА:

1.Изрендајте ја тиквичката и компирот, посолете ги со 1-2 прстофати сол, промешајте ги и оставете ги настрана 10-тина минути врз цедалка.

2.Во подлабок сад изматете ги јајцата со жица, па со наизменично додавање на брашно и млеко изматете смеса со густина на јогурт.

3.Додајте го добро исцедените компир и тиквичка, ситно сечканиот магдонос и кромид и промешајте.

4.Палачинките пржете ги на претходно намастено тавче и загреано на умерено висока температура.

Кога ќе заруменат од едната страна, превртете ги и од другата. Постапката погледнете ја ОВДЕ.