Намирницата која успешно го успорува стареењето, се користи за приготвување на разни теста, но и како зачин за месо и зеленчук. Надалеку е познат како тахини, паста која се приготвува од мелен печен сусам. Од семето може да се приготвува и млеко.

Познато е дека Асирците, Вавилонците и старите Египќани го користеле како лек против ќелавост, зуење во ушите и ишијас, а денес е основна состојка на печивата, намазите и слатките.

Магичните зборови кои ги изговара Али-баба: „Сезаме отвори се!” инспирирани се од сусамовите мешунки кои кога созреваат, се отвораат многу експлозивно.

ГИ ЈАКНЕ НЕРВИТЕ

Поради високата количина на фитостерол, кој по хемиската сруктура е сличен на холестеролот, претставува моќен регулатор на мастите во крвта. Покрај тоа, фитостеролите можат да го намалат ризикот од појава на карцином и да го подобрат имунитетот.

Семето од сусам е иделано за превенција од создавање на тромб, а поради лецитинот кој многу позитивно делува врз нашиот нервен систем, се препорачува и при умор, депресија, а и докажано е дека присуството на магнезиум ги намалува силните мигренски главоболки и го нормализира спиењето.

ЧИСТАЧ НА ОРГАНИТЕ ЗА ВАРЕЊЕ

Иако тешко се вари, сусамот треба да се јаде, но повремено кај оние кои имаат чувствителен стомак, бидејќи претставува многу успешен чистач на органите за варење.

Сусамот можете да го пропжите или препечете на тивок оган. Покрај тоа, многу е делотворен кај опстипација, нередовна столица и отстранување на сите цревни паразити.

За лекување на хемороиди, нема подобар лек од пастата која можете сами да ја направите: измешајте лажица мелен сусам со две лажици вода и лажичка путер, па намачкајте на тост.

ГИ ЧУВА КОСКИТЕ И КОЖАТА

Делотворен е за воспаленија и болки кај ревматоиден артритис и остеопороза, но оние кои немаат во организмот доволно калциум им се советува консумација од две лажици сусам и 50 мл јогурт. Ова треба да се јаде секое утро на празен стомак.

Сусамот е добар и за кожата, бидејќи спречува развој на бактериите, габички и акни, а покрај тоа ја поттикнува работата на кожните хормони, ефикасно ги намалува лузните, лекува сува и осетлива кожа.

КОРИСЕН ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА

Калциумот од сусамот докажано ги намалува болките и грчевите во мазната мускулатура и ги олеснува тегобите во ПМС. Многу е важен во исхраната на трудниците, бидејќи има седум пати повеќе калциум од млекото.

Сусамот содржи растителни влакна кои значително помагаат при опстипација, која многу често се јавува во текот на бременоста, па се препорачува да се консумира во мелена форма.

ДОДАТОК НА СИТЕ ЈАДЕЊА

Намирницата која успешно го успорува стареењето, најзастапена е во блискоисточната, афричката и азиската кујна, но во целиот свет се користи за приготвување на разни теста и печива.

Во Америка масовно се користи како зачин за месото и зеленчукот, а сусамовото масло се користи како замена на маслиновото и од него прават путер.

Од мелениот печен сусам се приготвува пастата наречена тахини, а од семето се прави дури и млеко.