Потребни ви се само сода бикарбона, густин и вода. Потоа од оваа смеса можете да изработувате мали уметнички дела. Состојките се мерат со чаша од 200 мл.

Потребни состојки:

400 мл сода бикарбона (2 чаши)
200 мл густин (1 чаша)
250 мл вода
ароматично масло
калапи за колачи

постапка:

Сода бикарбоната измешајте ја со густинот, а потоа постепено додавајте ја водата со постојано мешање додека да се изедначи смесата. Ставете на оган полека да се загрее и да започне да се згуснува.

Кога смесата ќе се згусне како мазна паста, тргнете ја од оган и оставете малку да излади.

Потоа од “тестото” развлечете кора од која со помош на калапи ќе сечете различни облици.

Со некоја поголема игла правете дупчиња во фигурите за да можете подоцна да протнете конец.

Вака приготвените фигури оставете ги на хартија за печење да се сушат на собна температура два дена.

Кога тие ќе бидат доволно стврднати, можете да ги боите и украсувате како што сакате, по ваша желба.

Постапката можете да ја погледнете во видеото: