Чоколадна торта од само шест состојки која не се пече – ќе ви стане вашиот омилен десерт. Тортите се омилена слатка за секоја свечена пригода, а кога се приготвуваат многу лесно и тоа само од неколку состојки, тогаш се уште посовршени за брзински десерт.
Ако барате добар рецепт за торта чија главна состојка е чоколадото, но содржи и вкусно крем сирење и ореви, ова е вистинската слатка за вас. Се подготвува од само шест состојки и може секој да ја направи, па дури и оние кои се почетници во кујната. Еве што е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г бисквити со какао (потемни, но може и некои по ваш вкус), 100 г ореви, 80 г путер, 200 г чоколаден намаз (нутела или сл.), 400 г крем сирење (маскарпоне, филаделфија…), 200 мл слатка павлака, 50 г шеќер во прав
ПОСТАПКА: Бисквитите (200 г) крупно искршете ги со рака, а потоа со рачен блендер ситно сомелете ги во прав. Може да ги сомелите и во блендер или „сечко“. Потоа на ист начин солемете и 100 г ореви.
Измешајте ги мелените бисквити и ореви додека убаво да се изедначат, а потоа додајте 80 г растопен путер. Измешајте убаво со лажица или шпатула додека да добиете смеса со конзистенција на влажен песок.
Смесата истурете ја во помал калап за торти обложен со хартија за печење (за поголема торта зголемете ги состојките). Рамномерно распоредете на дното и страните, па со лажица или дното на една чаша добро натапкајте ја во тенок слој кој ќе биде база на тортата.
ЗА КРЕМ: Во подлабок сад ставете 200 г крем сирење и 200 г нутела или друг лешников-чоколаден крем, па пенасто изматете ги со миксер додека да се добие убава, изедначена, мазна и кремаста смеса.
Излејте ја во подготвениот калап, брз подлогата од кекси, па рамномерно рапоредете и израмнете. Во посебен сад ставете 200 мл слатка павлака и изматете додека да добиете шлаг. Пред крајот на матењето додајте 50 г шеќер во прав. Внимавајте да не претерате со матењето, ќе добиете премногу цврст „путерест“ крем.
Во посебен сад изматете го крем сирењето, па додајте ја кремасто изматената слатка павлака и соединете ги со помош на миксер. Овој крем рамномерно распоредете го врз чоколадиот, па израмнете.
Одозгора наросете мелени и ситно сечкани уреви, а доколку сакате дополнително декорирајте со уште чоколаден намаз. Пред дегустација оставете ја тортата да се олади и стегне неколку часа во фрижидер. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.