БОЖИЌНА ТОРТА: овој рецепт мора да си го направите, без брашно и со малку шеќер. Торта со многу убава бела кора и ванилин крем, а одозгора прелиена со млечно чоколадо и бадеми. Толку е вкусна што сите ќе ви побараат да им исечете едно подебело парче.




После овој рецепт ќе си ја правите секоја година и тоа баш поради причината дека е многу вкусна. Еднаш мене ми се случи да ја правам во двојна доза бидејќи на сите многу им се допаѓаше и повторно ми ја побараа, а домаќинките веднаш си го запишаа рецептот.




Потребни состојки за кора: 160 г бадеми, 4 белки, сол, 70 г шеќер. За ванилиниот крем: 90 мл хопла (неутрална), 80 г бело чоколадо, 4 жолчки, 15 г шеќер, 10 г густин (нишесте), 80 мл млеко, 50 г путер.




За декорација: 10 г бадеми, 100 г млечно чоколадо и 70 мл хопла (неутрална павлака). Постапка: За подготовка на кората најпрво во блендер сомелете ги бадемите на најситно. Тоа може да го направите на двапати доколку не ви ги собере сите во блендерот како на мене.




Во еден сад издвојте ги белките од жолчките. Започнете да ги матите белките пенасто со миксер и додајте малку сол. Кога ќе почнат да стануваат воздушести постепено додавајте го шеќерот додека да се растопи во нив.




Во соединетата смеса додајте ги претходно сомелените бадеми и измешајте со шпатула. Во плех со димензии 30х20 см или некој со слична големина поставете хартија за печење и малку премачкајте со масло.




Излејте ја смесата и добро распоредете но внимавајте да не биде премногу тенка бидејќи ќе ви изгори при печењето. Треба да биде приближно со големина од 1 прст кога ќе се испече. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 25 минути со повремено проверување, бидејќи може да биде готова и за 15 минути во зависност од јачината на рерната.




По печењето кората се остава малку да се излади и се пресекуваат краевите за да биде рамна. Подоцна овие краеви може да ги користите за декорирање на тортата. Пресечете ја кората на 2 еднакви делови за да добиете две.




Подготовка на кремот: Во тенџере ставете да зоврие хоплата. Потоа додајте го белото чоколадо скршено на коцки и измешајте додека да се растопи па тргнете од рингла. Во посебен сад каде што претходно ги издвоивте жолчките изматете ги со миксер додајте им малку шеќер, млеко и густин и измешајте.




Кремот матете го со миксер додека да се стврдне, а потоа покријте го со најлонска фолија и ставете го во фрижидер да отстои 1 час. Путерот изматете го пенасто со миксер и додајте го во смесата со бело чоколадо. Убаво измашајте, а по ладењето додајте го и кремот во оваа смеса.




Се соединува со миксер и се започнува со филување. На првата кора премачкувате половина од кремот, одозгора ја ставате втората кора и премачкувате со втората половина и убаво измазнувате. Ставете ја тортата да излади 30 минути во фрижидер.

Во меѓувреме растопете го млечното чоколадо со хоплата и почекајте малку да се излади. Извадете ја тортата од фрижидер и наросете ја со сечкани бадеми на четвртинки. Одозгора премачкајте со чоколадната глазура и вратете во фрижидер да се стврдне уште 1-2 часа. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.