Потребни состојки:
1 кесичка пудинг за кокос коцки
1 литар млеко
100 г шеќер
170 г бисквити
80 г чоколадо
40 г путер/маргарин
2 лажици млеко
Малку кокос за наросување одозгора
Постапка:
Наредете ги бисквитите во два реда. Пудингот направете го според упатството, растопете го чоколадото, путерот и млекото.
Пудингот прелијте го преку бисквитите. Кога малку ќе излади прелијте го чоколадото, после 10 минути наросете со кокос.