Босилекот (Ocimum basilicum) е едногодишно растение кое расте до 30-тина центиметри, има пријатен вкус, уникатна арома и убав изглед. Зборот босилек има грчко потекло што значи кралски (басиликон). Листовите имаат овална форма, а цветовите се бели, црвенкасти или жолтеникави. Се одгледува како градинарска билка на сончеви места и хумусна почва.
Познатите пиц-мајстори велат дека во оригиналната пица се става босилек, а не оригано, како што е широко распространето мислење. Мириса прекрасно и претставува омилена билка во градините на нашите баби. Босилекот бил многу ценет уште во античко време, а денес најмногу се одгледува во Холандија.
Постојат различни видови, а повеќето се чувствителени на пониски тепмератури, па затоа се типични за Медитеранскиот регион, но и други потопли краишта. Кај нас исто така постои традиција на одгледување босилек.
Популарен е како свежа храна, ароматична сува билка (зачин), за правење различни сосови, но се употребува и како чај. Најчесто се среќава во јадењата со потекло од италијанската кујна – пици, салати, паста и сл., но се употребува и во кујните на далечниот исток, од каде се смета и дека првично потекнува.
Потенцијални лековити дејства
Босилекот може да понуди различни корисни дејства како дел од исхраната, како хербален лек, но и како есенцијално масло. Традицоналната медицина го употребувала при кас-нување од змија, при настинки и различни типови на воспаленија.
Босилекот во исхраната ни обезбедува низа на микронутриенти, пред сè витамин К, калциум и низа на антиоксидативни фитохемикалии. На пример, еугенол кој обезбедува и мирис на каранфилче, потоа лимонин, кој дава типичен слабокиселкаст вкус.
Како се подготвува чај од босилек?
Се мешаат сите горни делови од билката или се користат само листовите. За една чаша чај потребна е една лажица од билката, а се пие незаблажен и во голтки и тоа 2-3 чаши дневно. Чајот може да се заблажи со мед само ако се употребува како лек за град-ни заболувања или како чај против кашлица.
ТЕМПЕРАТУРА И НАСТИНКИ. При високи температури се пие чај од босилек подготвен од листовите. Една лажица сув босилек се прелива со 250 мл врела вода, да отстои 10 минути па се процедува. Се пие засладен со половина лажичка мед, трипати дневно.
КАШЛИЦА И БОЛЕСТИ НА РЕСПИРАТОРEH СИСТЕМ. Се џвакаат свежи листови од босилек. Се подготвува следниот напиток: се подготвува чај од босилек, па во него се додава една лажица рендан свеж ѓумбир, една лажица мед, 5 каранфилчиња и прстофат сол. Се пие неколку пати во денот, во голтки.
КАМЕН ВО БУБРEГ. Сокот од босилек (лист) и мед, се зема редовно, трипати дневно пред оброк, во текот на 6 месеци.
ПАСТА ЗА ЗАБИ. Од сув лист од босилек, иситнет во прав и помешан со масло се добива паста за заби со која се лекуваат воспалителните процеси во устата. Истата паста може да се користи и при у-бо-ди од инсекти.
ЛEКОВИТОСТ. Босилекот, како и повеќето зачински билки кои се јадат, дава карактеристичен вкус и претставува одлична замена за сол. На тој начин посредно делува врз намалување на кр-вниот притисок и во отстранување на целулитот.
Освен што го подобрува вкусот и го збогатува мирисот на многу јадења, босилекот со своите состојки поволно влијае врз здравјето на организмот. Босилекот го поттикнува апетитот и поволно влијае врз дигестијата и рамнотежата на цревната микрофлора.
Во облик на чаеви најчесто се применува при лекување на воспаленија (желудник, црева), почетен стадиум на тубер-колоза и кај болести на мочните органи (бубрези, мочен меур).
Ја ублажува кашлицата, лекува афти, а служи и за гаргарење при болести на грлото. Маслото од босилек се смета за одлично средство против акни. Поволно влијае и врз нервниот систем: ја смирува нервната напнатост, го подобрува памтењето, ја ублажува мигрената и го отстранува менталниот умор.
Облоги од босилек поттикнуваат поуспешно исце-лување на ра-ни. Свежи листови од босилек се одличен домашен лек против убо-ди од комарци, ако со прстите малку го изгмечете листот и го протриете местото на убо-дот.
Богат нутритивен и антиоксидативен состав кој е значен во борбата со хроничните воспалителни процеси во телото
Нутритивниот состав на босилекот се состои главно од каротеноидните антиоксиданти бета-каротен, криптоксантин, лутеин изеаксантин, потоа витамините А и К, но и некои од Б групата. Содржината на минерали е пониска и генерално се состои од калциум и помалку железо.
Поради помалите количества во кои се консумира, бенефитот во однос на нашето здравје главно се должи на богатиот антиоксидативен состав кој го има босилекот.
Антиоксидантите се компоненти кои ги превенираат оксидативните оштетувања на клетките од молекулите наречени слободни радикали. Според студиите, за одржување на здравјето, телото има потреба од баланс помеѓу количините на слободните радикали и внесените антиоксиданти.
Дисбалансот помеѓу нив може да води кон зголемени нивоа на оксидативен стрес, што води кон развој на хронично воспалителни. Тие на долг рок, можат да предизвикаат повеќе хронични заболувања, како кардиоваскуларни, ревматоидни, малигни заболувања, дијабетес итн.
Телото произведува дел од антиоксидативните материи, но многу е важно и ние да ги внесуваме преку исхраната. Главните антиоксиданти со кои нè обезбедува босилекот се антоцијанините и споменатите каротеноиди.
Босилекот може да помогне во превенцијата од некои малигни заболувања, а корисен е и за црниот дроб
Една студија од 2013 година го испитувала ефектот на различните типови босилек во однос на канцерот. Истражувачите дошле до заклчок дека неговите фитохемикалии можат да придонесат во превенцијата од одредени типови на малигни заболувања – на кожата, црниот дроб и белите дробови.
Се смета дека ова се должи на силната антиоксидативна моќ на фитохемикалиите на босилекот, но и на неговото делување врз експресијата на некои гени на мутираните клетки, па дури и предизвикување нивна с мрт и успорено размножување.
И други студии покажуваат слични ефекти, но сепак истражувањата се претклинички или анимални, така што потребни се повеќе испитувања на човечки испитаници. Позитивното влијание на црниот дроб, експертите повторно го поврзуваат со антиоксидативната моќ на босилекот.
Заштитна улога во однос на здравјето на кожата
Според студија од 2011, босилекот покажал својства според кои може да помогне во намалувањето на негативните ефекти врз кожата предизвикани со процесот на стареење. Кремите на база на босилек во лабораториски услови се покажале како подобрувачки во однос на хидратацијата на кожата, во намалувањето на нејзината грубост, како и во намалувањето на појавата на брчките.
Не постојат докази дека јадењето босилек може директно да придонесе за здравјето на кожата, но имајќи го предвид неговиот антиоксидативен состав, како дел од разновидната исхрана, можно е да има и позитивен ефект и на кожата.
Босилекот има добар ефект и на менталното здравје
Психичкиот стрес може да придонесе за поголема продукција на слободни радикали во организмот. Па најверојатно и за ова потенцијално дејство на босилекот одговорни се неговите моќни антиоксиданти.
Според едно мета-истражување од 2014 година, босилекот содржи својства според кои може да делува на: ублажување на стресот, анксиозноста и депресијата; зголемување на концентрацијата; превенција од губење на меморијата со стареењето; подобрување на сонот
Истражувачите велат дека ефектите на босилекот можат да се споредат дури со некои антидепресиви. Сепак, потребни се повеќе студии во оваа насока, а треба да се напомене и дека позитивните ефекти се при редовна консумација на поголеми дози екстракти од оваа билка.
Погодна билка при дијабет и кардиоваскуларни заболувања – Традиционалната медицина често препорачува босилек при третирањето на проблемите со шеќерот во кр-вта.
Последните истражувања покажуваат дека екстрактот од босилек може да придонесе во регулирањето на глукозното ниво во кр-вта. Дополнително, има и податоци според кои листовите од босилекот можат да помогнат во долгорочните ефекти на високиот кр-вен шеќер.
Додека не се потврдат овие наводи околу листовите, екстрактот од босилек може да се применува и да биде од корист кај некои луѓе. Преку својот антиоксидативен состав, босилекот може да придонесе и за срцевото здравје.
Според една студија, еугенолот, една од главните фитохемикалии на босилекот, може да ги блокира калциумовите канали во телото, снижувајќи го на тој начин кр-вниот притисок – инаку главен ризик фактор за повеќето кардиоваскуларни заболувања.
Неколку други утврдени позитивни влијанија на босилекот за нашиот организам: може да делува на намалувањето на холестеролот и триглицеридите во кр-вта; да делува релаксирачки на кр-вните садови, со сличен ефект како аспиринот; да има антибиотско дејство, односно да го попречи растот на некои патогени бактерии и да превенира од кариес, но и да се користи како конзерванс за одредени типови на храна.
Купување и чување
Босилекот можете да го купите во саксија или во китка. Листовите од свеж босилек чувајте ги во хартиена кеса, или во пластична кеса па да го складирате во фрижидер најмногу до два дена. Може и да се конзервира во маслиново масло или во оцетна киселина, да се замрзнува или исуши.
Листовите од босилек ставете ги во стаклена тегла, малку посолете ги па прелијте ги со маслиново масло. Теглата добро затворете ја и чувајте ја во фрижидер. Ако сакате да го замрзнете босилекот, тогаш треба да го помешате со малку вода и да го ставите во калапи за мраз.
Кога коцките ќе замрзнат, можете да ги чувате во замрзнувачот во некој сад или кеса. Свежите листови можат да се исушат на суво и ветровито место, под сенка, а стаклените тегли во кои ќе се чува да бидат добро затворени и со темна боја.
Јадења приготвени со босилек. Босилекот може да се користи како гурмански додаток за супи, сосови и брускети. Во салатите се ставаат во последен миг за да не го изгубат свежиот вкус. Еден од најпознатите сосови од босилек е пестото, а се приготвува од свежи листови босилек, лук, маслиново масло и рендан пармезан.
Прелиен преку шпагети ги претвора тестенините во вистинско гурманско доживување, а може да послужи и како маринада. Освен песто, од босилек можете да направите и одличен прелив за шницли, пилешко или морски плодови на скара.
Свежиот босилек може да се измеша со путер, свежо мелен пипер и рендана лимонова кора, па да добиете ароматичен путер кој ќе го користите за разни видови печено месо и риба.
Босилекот е многу полезен ако се додава во масни јадења, како што е свинско месо, овчо месо или печена гуска, бидејќи на тој начин јадењето ќе биде полесно сварливо. Сувиот босилек има посилен вкус од свежиот па додавајте го во варива и разни други јадења од зеленчук, како грашок, разни салати и намази.