Торта со неодолив вкус!

Потребни состојки:

4 јајца
5 лажици шеќер + 15 лажици шеќер
1 путер/маргарин од 250 г
500 мл млеко
2 пакувања петит бисквити
100 г чоколадо за готвење
Малку какао ако сакате колачот да ви биде малку потемен

Постапка:

Во еден сад ставете половина литар ладно млеко и додадете 15 лажици шеќер.

Мешајте додека шеќерот да се растопи. Потоа во млекото додадете три редови бисквити „Мастер“.

Биксвитите само искршете ги и мешајте со дрвена лажица додека да се впие целото млеко.

Потоа се додава смеса од јајца, путер, чоколадо и малку какао по желба, па сето заедно добро го промешуваме.

Тука по желба можете да додадете ореви, лежници, суво грозје или нешто по ваша желба.

Користиме 7-8 бисквити за да направиме кора – за одозгора.

Во еден тркалезен калап ставете проѕирна фолија и истресете ја добиената смеса и одозгора ставете ги сувите бисквити од кои правиме кора.

Оставете ја тортата фрижидер убаво да излади.

Потоа тортата се превртува врз чинија или плех, се отстранува калапот и одозгора украсуваме со шлаг и малку рендано чоколадо.

Фото и рецепт: Вилдана Грахиќ