Со текот на времето нашите зглобови се трошат бидејќи доаѓа до намалување на апсорпцијата на хранливите материи, а понекогаш и поради спортски повреди. Овие повреди најтешко се лекуваат бидејќи освен медикаментозна терапија, во лекувањето мора да се вклучат физиотерапија и мирување, во зависност од тежината на повредата.

Една од најчестите повреди и тегоби кои се јавуваат во текот на животот се болките во колено, бидејќи токму овие зглобови го носат целиот терет на телото. Само 5 килограми повеќе од нормалната тежина, тоа значи 20 пати поголемо оптеретување за колената. Па колку е поголем вишокот на килограми, толку е поголемо оптеретувањето на колената. Затоа, многу е важно да се одржува телесната тежина во нормални граници.

Според истражувањата на Харвард, рикикот од развој на остеопороза паѓа за цели 50% со слабеење на 5 килограми кај дебели жени. Освен диета, треба да се одбегнуваат претерани активности кои ја зголемуваат болката во колено.

За регенерација на сврзното ткиво, на лигаментите и зглобовите, можете да го консумирате овој напиток. Она што е важно во врска со овој напиток, е тоа што секој може да го консумира, па дури и луѓе кои имаат проблем со висок крвен притисок или шеќер.

Овој неверојатен напиток содржи голема количина здрави хранливи материи и соединенија кои имаат силни анти-воспалителни својства кои можат да ја ослеснат болката во зглобовите. Исто така, содржи големи количества витамин Ц, бромелаин, силициум и магнезиум.

Ќе ви бидат потребни следните состoјки:

1 шолја (250 мл) вода

7 г цимет

2 шолји сечкан ананас

1 шолја овесни снегулки

1 шолја природен сок од портокал

40 г кршен бадем

40 г сиров мед

Упатство:

Најпво сварете ги овесните снегулки како и обично. Само додадете топла вода и оставете тие да ја впијат течноста и малку да изладат. Потоа, додадете го ананасот, може да го збогатите вкусот со мед, цимет, бадеми и сок од портокал. Ако го ставите во блендер и го измиксате, ќе добиете перфектно смуди.

Можете да го пиете/јадете наместо појадок или помеѓу оброците.