Болка во нозете, ревматизам, проширени вени, артритис, главоболка, болки во зглобовите – ПРИРОДЕН ЛЕК ПО РЕЦЕПТ НА МАЈКА МИ. Најефикасниот рецепт за болки во нозете, ревматизам, проширени вени, проширени вени, артритис и болки во зглобовите кој го користи мајка ми, а од рецептот се многумина задоволни.

Тоа е природен лек против болки со состојки кои можат да се најдат во секој дом. Пред употреба аплицирајте на мал дел од коата за да ја проверите осетливоста, и секако, секој треба да се советува со својот лекар. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 главица лук
1 главица кромид
30 г корен од ѓумбир
1 лажичка црн ким
200 мл ладно маслиново масло (можете да користите и некое друго растително масло, но маслиновото масло е поефикасно)

ЗАБЕЛЕШКА: Ако имате проширени вени на ногата, не завиткувајте ja со крпа откако ќе ја нанесете смесата. За нормална болка во нозете, задолжително завиткајте ги со крпа.

ПОСТАПКА: Од лукот отстранете ги само надворешните лушпи, а потоа целиот исечкајте го на коцкички и ставете го во тегла. Ја намалува болката во зглобовите и мускулите.

Од кромидот отстранете ги само надворешните краеви, па и него исечкајте го на коцки и додајте го во теглата. И кромидот, исто како и лукот, помага во ублажување на болките, исто така.

Ѓумбирот излупете го и ситно исечкајте го, па додајте го во останатите состојки. Природно ја намалува болката и појавата на проширени вени.

Потоа додајте една мала лажичка црн ким (можете да го набавите од продавници за здрава храна). Дополнете ја теглата со маслиново масло колку што може да собере.

Промешајте со дрвена лажица. Во тенџерето ставете чиста крпа. Наполнете го садот со вода.

Крпата го спречува пукањето на теглата. Вклучете го шпоретот на средна топлина. Повремено мешајте со дрвена лажица. Гответе уште 30 минути по зовривањето на водата.

Внимавајте, не смее да ви влезе вода внатре во теглата, ниту водена пареа.

Оставете да се излади во тенџерето 1 час. Затворете го капакот на теглата. Оставете на собна температура 1 недела. По изминатото време процедете ја смесата со масло преку чиста густа газа.

УПОТРЕБА: Масирајте ја ногата од дното кон врвот. Секогаш насоката за масирање треба да биде во правец кон срцето. Се нанесува секој ден наутро и навечер пред спиење. Завиткајте го болното место со чиста крпа.

Ако станува збор за нозе, треба да ги носите чорапи за компресија, доколку ги имате. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.