Високиот холестерол ја попречува циркулацијата, а лошата исхранетост на ткивата може да доведе до гр-чеви и б олки во нозете. Акумулацијата на холестерол во телото создава таканаречени „плаки“, односно талози на ѕидовите од кр-вните садови со што го стеснуваат „луменот“ и го оневозможуваат правилниот проток на кр-вта.




Ова може да биде сериозно доколку навремено не се преземат некакви чекори, бидејќи се зголемува ризикот од срцев и мозочен у дар. Но, не само тоа, со вакви „затнати“ кр-вни садови постепено доаѓа и до ош-тетување и на другите внатрешни ткива и о ргани, бидејќи не се доволно исхранети и снабдени со кислород.




Голем број од луѓето со висок холестерол не сфаќаат дека сидовите на нивните кр-вни садови им се покриени со масни наслаги, а за тоа најчесто дознаваат дури кога е предоцна.




Холестеролот е, се разбира, супстанција што му е потребна на телото и затоа го произведува нашиот црн дроб. Не само што е клучен за формирање на хормони неопходни за функционирање на ор-ганите, туку претставува и градежен блок во клеточната мембрана.




Сепак, како и многу други работи, холестеролот претставува ризик кога го има во превисоки количини во телото. Нормално е да има вкупно 5,2 mmol / l, од кои ЛДЛ холестеролот треба да биде 3,4 mmol / l („лош“ холестерол) и ХДЛ холестеролот повеќе од 1,6 mmol / l („добар“ холестерол).




Сепак, л ошиот холестерол може толку многу да се акумулира во артериите со што го попречува, па дури и целосно го блокира протокот на к-рв. Ваквите блокади обично се појавуваат прво во нозете, што доведува до периферна артериска болест.




Меѓу симптомите на оваа болест, лекарите најчести ги набројуваат: б олки и гр-чеви во нозете, чувство на вкочанетост, студенило во една нога или подколеницата.




Исто така, треба да бидете во можност да го почувствувате пулсот во внатрешноста на глуждот – ако е многу слаб и имате некои други тегоби, би било добро да посетите лекар.




Можете исто така да ја проверите циркулацијата со едноставен тест. Притиснете го ноктот на големиот палец и држете го така за да ја спречите циркулацијата, додека прстот да побели.




Потоа пуштете го ноктот. Палецот треба повторно да стане розов за секунда или две ако циркулацијата е добра. Ако истане бел подолго од тоа, значи дека кр-вта слабо циркулира до периферните делови на телото.




Имајте на ум дека, во раната фаза, покачениот холестерол нема да даде изразени симптоми, па затоа е препорачливо редовно лабораториски да го проверувате неговото ниво.