-Секој може да ги добие, ниту мажите не се поштедени!
Стрите се јавуваат како последица на вишок или нагло губење на килограмите, кај мажи и жени и тоа на различни делови од телото.
Тие се естетски проблем, но време е да ги прифатиме како нешто нормално и на нив да гледаме како на нешто што нашето тело го прават уникатно.
Стриите може да имаат различни бои во зависност од стадиумот во кој се наоѓаат.
https://www.instagram.com/p/BdtBqR6HHnE/
Ако се црвени, тогаш тоа е прв знак на пукање на кожата и нејзино растегнување, а во оваа фаза може да се лекуваат. Кремите со база на колаген, кои ја поттикнуваат еластичноста и обновувањето на клетките на кожата, може да бидат од голема помош.
Кремите се немоќни кај стари лузни, бидејќи тој проблем го решаваат само третмани со ласер.
https://www.instagram.com/p/BdtBd2thCRv/
Ако стриите не се лекуваат, со текот на времето стануваат виолетови и тоа главно после бременост, дебелеење или претерано вежбање. Кога стриите ја имаат оваа боја, се’ уште можат да се третираат со креми, но е сигурно дали ќе добиете некакви резултати.
Како закрепнува кожата, така стриите со тек на време се повеќе бледеат и на крајот стануваат бели, проѕирни и сјајни.
Во овој стадиум не можете ништо да направите освен да ги третирате со ласер или со третмани како што се микродермоабразија за подобрување на структурата на кожата. Таквите третмани не доведуваат до обновување на колагенот кој му е прекупотребен на кожата за да може таа да се регенерира.
Сакали вие или не, мора да ги прифатите вашите стрии и не треба да се срамите од нив бидејќи вие не баравте тие да се појават. Вашата кожа едноставно не е доволно еластична и се’ што можете да направите е да се грижите за неа најдобро што можете.