ПИВАРКИ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 200 г гриз, 200 г кокос, 200 г мелени ореви, 200 г брашно, 350 мл пиво, 250 г масло, 2 кесички рум шеќер, 2 кесички лимон шеќер, 1 печиво.

РЕЦЕПТ 1 – Фото и рецепт на Анета Ане




ПОСНИ ЕМБИ КОЛАЧИ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 250 г ситни житарици чоколадни, 250 г маргарин, 5 лажици мед, 200 г сусам, 200 г кршени ореви, 2 црни чоколади, 4 лажици какао, 150 г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер.

РЕЦЕПТ 2 – Фото и рецепт на Анета Ане




ПОСНИ БОЖИЌНИ ТОПЧИЊА – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ТЕРТ РЕЦЕПТ): 150 г суви смокви, 250 г мелени ореви, 120 г шеќер, 100 г чоколадо за готвење. Фото и рецепт на Ивана Тодоровиќ – Божиќни топчиња. Еве еден рецепт кој го пронајдов во еден прастар тефтер кој и припаѓаше на тетка ми, полн со пожолтени страници испишани со прекрасни рецепти…

РЕЦЕПТ 3 – Фото и рецепт на Ивана Тодоровиќ




ПОСНА БАКЛАВА – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ЧЕТВРТ РЕЦЕПТ): 500 г кори за баклава, 300 г мелена плазма, 300 г сечкани ореви, 300 г сечкани лешници, 3 црни чоколади за готвење, 5 кесички ванилин шеќер, 300 г посен маргарин.




ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Од наведените состојки се замесува тесто (освен кокос) и се прават колачи со големина на орев. Внатре можете да ги полните со мармалад, локум, да ставите еден орев, бадем или лешник, а може и ништо да не ставите изборот е ваш. Се печат колачите на 180 степени додека убаво да заруменат. Во меѓувреме го подготвуваме шербетот:




ЗА ШЕРБЕТ: 1 кг шеќер и 800 мл вода ставаме во тенџере да зовријат, потоа додаваме 2 кесички рум шеќер и лимон шеќер и се остава да вари уште 10 минути на тивок оган. Откога ќе стане млак се преливаат колачите со него од двете страни да останат по половина час за да го впијат шербетот и на крај се валкаат во кокос.




ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): На оган во тенџере го ставаме маргаринот да се растопи во чоколадите, шеќерот, медот и ванилиниот шеќер. Потоа го додаваме сусамот и крсените ореви. Сета оваа смеса ја истураме врз житарките и додаваме 4 лажици какао.




Убаво мешаме да се соедини смесата. Внатрешниот дел од цедалката за лимон го намрсуваме и го полниме со смесата. Полека го тапнуваме со раката калапот за да излезе колачето. Така сите се прават по ред додека да се потроши смесата. Можете да ги декорирате по желба.




ПОСТАПКА (ТРЕТ РЕЦЕПТ): Сомелете ги заедно смоквите и оревите (така помалку се лепат смоквите за ножето). Во посебен сад ставете го шеќерот, прелијте го со малку вода колку да се прекрие шеќерот. Шеќерот со вода ставете го на оган и мешајте додека тој да се растопи целосно, па тргнете го садот од рингла и оставете сирупот малку да се подизлади.




Потоа додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте да се растопи, а потоа и мелените смокви и ореви. Убаво промешајте смесата целосно да се изедначи и да стане компактна. Формирајте ги топчињата со големина на орев, па валкајте ги во чоколадни трошки, мелени ореви, кристален шеќер, рендано чоколадо…било што по желба. Многу се вкусни.

Фото и рецепт на Ивана Тодоровиќ

ПОСТАПКА (ЧЕТВРТ РЕЦЕПТ): Плазмата, лешниците, оревите и ванилиниот шеќер и ги мешаме и ги рендаме чоколадите на покрупната страна од рендето. Ги додаваме во мешавината од плазма и јаткасти плодови и убаво мешаме. Плехот каде што ќе ја редиме и печеме баклавата го намастуваме со растопен маргарин.

Земаме една кора и ја премачкуваме со растопен маргарин, врз неа ставаме уште една кора, и таа ја намастуваме и по целата втора кора ставаме од филот. Секоја наредна кора се премачкува со растопен маргарин, а на втората се става од филот и така сè додека да се потроши материјалот.

Со последната кора ја завршуваме постапката и само ја премачкуваме со растопен маргарин. Така спремна баклавата ја ставаме да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени додека да се испече убаво.

Во меѓувреме го подготвуваме шербетот: 1 кг шеќер и 800 мл вода ставаме во тенџере да зовријат, потоа додаваме 2 кесички рум шеќер и се остава да вари уште 10 минути. Откако ќе ја испечеме баклавата оставаме да се излади и со млак шербет ја поливаме. Пожелно е да отстои преку цела вечер за убаво да го впие шербетот.

РЕЦЕПТ 4 – Фото и рецепт на Анета Ане