Рецепт на Катица. Највкусната торта која се топи во уста како сладолед. Оваа торта е многу слоевита, а толку е вкусна што се јаде за 2 дена во потесното семејство. Лесно се прави и може да се комбинираат состојките.
Често ја нарекуваат и дипломатска торта бидејќи е толку богата, а вкусот како да се прелева во устата од различните вкусови. Нема некој кој не му се допаднала тортава, бидејќи е направена за сите вкусови.
Потребни состојки за кора: 7 белки, 170 г шеќер во прав, 100 г мелени ореви, 3 лажици брашно, пола лажичка прашак за печиво, млеко. Потребно е да ја дуплирате дозата на кората бидејќи се прават 2 кори за тортата.
За кремастиот слој: 1 л млеко, 14 жолчки, 10 лажици шеќер, 2 ќесички ванилин шеќер, 9 лажици брашно, 250 г масло или маргарин, 100 г шеќер во прав, 200 г чоколадо, 150 г ореви, 100 мл млеко.
За шлаг: 150 мл млеко, 150 мл слатка павлака, 3 ќесички инстант ванила прашок за шлаг. Секако шлагот може да се направи и на друг начин, со белки или прашок за шлаг со млеко.
За подготовка на кремастиот слој: Во тенџере ставете повеќе од половина од млекото да зоврие, а од преостанатиот дел од млекото додајте го во садот со жолчките. Во овој сад додајте го и шеќерот, ванилиниот шеќер и брашното.
Подготовка на кремот: Зовријте повеќе од половина млеко, а преостанатиот дел додајте го во жолчките заедно со шеќерот, ванилиниот шеќер и брашното. Соединете ги сите состојки и направете класичен крем.
Откога ќе ги соедините сите состојки, додајте ги во тенџерето со зовриено млеко и мешајте со жица за матење околу 5 – 10 минути додека да добиете густ крем со убава жолта боја.
Тргнете го садот од рингла и покријте го со проѕирна фолија за да не се направи кора од кремот. За подготовка на кората е потребно да направите двојна доза во посебни два сада и два посебни плеха.
Подготовка на кората: Користете плех со димензии 33×43 покриен со хартија или слична големина. Во тексот е опишана подготовката на една кора, но вие истовремено подготвувајте ја и втората кора на ист начин како првата.
Измешајте ги белките со миксер и постепено додавајте ги останатите состојки во садот со белките, додека цело време мешате со миксерот. Добиената смеса како шлаг разлејте ја врз плехот.
Убаво распоредете ја целата смеса по должина на плехот и убаво израмнете ја површината. Печете ги двете добиени смеси во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути. Потребно е кората да биде што потенка за повеќе да се вкусат кремастите слоеви.
Во меѓувреме изматете го кремот со миксер кој на почетокот го направивте за да ги разредите грутките, доколку се направиле. Во сад со масло или маргарин, додајте го шеќерот во прав и изматете ја смесата додека да добиете пенаста смеса.
Оваа смеса префрлете ја во кремастата смеса и повторно измешајте за да ги соедините состојките. Во садот со мелени ореви додајте 100 мл зовриено млеко и малку промешајте.
Издвојте 1/3 од кремастиот слој во посебен сад и во овој дел додајте ги мелените ореви со млекото. Промешајте ја смесата додека да добиете убав кремаст слој. Во преостанатата смеса од 2/3 додајте претходно стопено чоколадо и соединете.
За подготовка на шлагот: Измешајте го млекото со благата павлака и додајте го правот за шлаг. Оваа смеса изматете ја со миксер додека да добиете шлаг. Добиените кори кои претходно ги печевте е потребно да ги поделите на два еднакви дела и во двата плеха.
Земете една кора и премачкајте ја со шлаг, еднакво распореден по целата должина на кората. Шлагот е потребно да го ставите во тенок слој. Потоа премачкајте со чоколадниот слој, па додајте друга кора која ќе ја премачкате со кремастиот слој од ореви. Убаво измазнете го овој слој.
Кремастиот слој од ореви го употребувате цел на втората кора. Потоа ставете ја третата кора која ќе ја премачкате со шлаг и чоколадниот крем како првата.
На крајот се додава последната кора која ја премачкувате со остатокот од чоколадниот крем по површината на кората и од страните. Измазнете и распоредете го подеднакво чоколадниот слој кој го ставивте последен.
Додека премачкувате со чоколадниот слој помеѓу корите, може да премачкувате и по страните за да ви стигне за целата торта. Тортата е потребно да отстои во фрижидер неколку часа, а најдобро преу цела ноќ за да се стврдне.
Украсувањето и декорацијата на тортата ги оставаме на вас, а кога ќе ја пресечете ќе видите колку декоративно изгледаат слоевите. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.