Боемските коцки се еден од моите омилени колачи. Не е познато потеклото на нивниот назив, дали потекнуваат од древна Бохемија (денешна Чешка) или пак биле омилен колач на боемите..Кај нас редовни ги правиме за Божиќ, Велигден и за сите поголеми прослави.
Рецептот го имам многу долго и е еден од ретките кои ги задоволyва моите критериуми: кремаст, но не премногу, сладок, но не пресладок, мекан, но не ронлив. Со други зборови – совршен! Првиот рецепт е на Милица, а вториот рецепт е на Валентина Машковиќ чија презентациоја можете да ја погледнете подолу на линкот. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10 белки, 400 г шеќер во прав, 100 г мелени ореви, 100 г мелено чоколадо, 100 г меко брашно. ЗА ФИЛ: 10 жолчки, 75 г меко брашно, 350 мл млеко, 200 г путер, 200 г шеќер во прав, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г). За глазура: 200 г темно чоколадо, 6 лажици масло
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 12 белки, 12 лажици шеќер, 2 лажички цимет, 200 г мелени ореви, 4 лажици брашно, 50 г чоколадо. ЗА ФИЛ: 1 литар млеко, 12 жолчки, 12 лажици брашно, 250 г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер (20 г), 300 г маргарин, 200 г бело чоколадо, 200 г црно чоколадо
ПОСТАПКА за рецепт 1: Изматете ги жолчките, брашното и млекото да нема грутки, па сварете го кремот на пареа додека да згусне. Ако сакате повеќе крем, тогаш ставете 500 мл млеко и 100 г брашно. Мешајте непрекинато додека кремот да згусне, па оставете го настрана за да се олади до собна температура.
Во овој рецепт се користени најголеми јајца, па ако имате помали додајте уште две. Путерот исечкјате го на ленти и оставете го да омекне на собна температура, па пенасто изматете го со шеќерот во прав.
Додавајте лажица по лажица од изладениот крем и матете додека целосно да се соедини со путерот во еднолична, нежна смеса. Поделете ја на три еднакви дела и оставете уште малку настрана за израмнување на горната кора.
За корите: изматете ги белките во цврст снег со постепено додавање на шеќерот, па потоа постепено додајте ги сите останати состојки, но мешајте полека со лажица или кујнска жица- маталка.
Добиената смеса одокативно поделете ја на 4 делови. Исечете 4 листови хартија за печење (за плех 30х30 см) и распоредете ја смесата (по 5-6 лажици), и печете ги една по една во загреана рерна на 180 степени, 5-8 минути. Печените кори оставете ги да се оладат.
РЕДЕЊЕ: ставете една кора врз десертна чинија, распоредете третина фил, поклопете со кора и продолжете го филувањето додека да завршите со четвртата кора. Израмнете ја со уште малку фил за убаво да се излее чоколадната глазура. Изладете го колачот па сечете го на коцки. Следи рецептот на Валентина Машковиќ:
ПОСТАПКА за рецепт 2: направете две кори од наведените состојки, една по една или одеднаш. Пенасто изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот додека да добиете цврст снег, па додајте ги останатите состојки полека мешајќи.
Смесата поделете ја на два дела, па испечете две кори на 180 степени на плех обложен со хартија 45х35 см, 10-12 минути. Пред печење врз секоја од корите изрендајте 20-30 г чоколадо. Потоа оладените кори пресечете ги на два дела, да добиете четири кори.
ЗА ФИЛ: Јајцата изматете ги со брашното и малку млеко, а остатокот од млекото заедно со шеќерот ставете ги на оган. Штом зоврие, ставете малку од топлото млеко во смесата со жолчки и брашно за да се загреат, па целата смеса вратете ја во тенџерето и мешајте непрекинато додека да згусне.
Штом згусне кремот излејте го во друг сад и покријте го со стреч фолија за да не фати коричка додека се лади. Во посебен сад пенасто изматете го путерот омекнат на собна температура, па започнете постепено во него да го додавате оладениот крем и матете додека целосно да се соединат.
Добиениот крем поделете го на два еднакви дела. Во едниот дел додајте го белото чоколадо растопено на пареа, изматете да се соедини, а во другот дел на ост начин додајте го црното чоколадо и соединете го.
Филувајте на следниот начин: кора, половина темен фил, кора, половина светол крем, кора, темен крем, кора, светол крем, чоколадна глазура. Колачот оладете го добро во фрижидер, па послужете. Деталите погледнете ги ОВДЕ.