Фото и рецепт: Ирена Златковиќ – “Бобан” – посно славско јадење.
Бобовите пифтии се служат како предјадење со разни салати, риба, посни сарми и слично. Од целата постапка најмногу време одзема чистењето на бобот, но сега може да се најде во продавниците за здрава храна сув и исчистен, со што постапката е многу полесна и побрза. Првиот рецепт е како се приготвува со свеж боб, а вториот рецепт со сув боб.
Боб им припаѓа на мешунките и спаѓа во високо нутривни намирници, но денес е малку заборавена. Оваа мешунка изобулува со бројни нутриенти и претставува одлично дополнување во исхраната, особено ако ви здодеал гравот.
Потребни состојки: Грав, сол, сув зачин, малку лук, малку масло, црвен пипер во прав
Постапка: Гравот измијте го и ставете го во еден сад, а потоа прелијте го со врела вода. Оставете да стои на топло додека да набубри и речиси да се удвои. Потоа излупете го, измијте го и ставете го да се вари. Треба да се меша додека се вари. Кога гравот е сварен процедете го, но сочувајте ја водата, можеби ќе ви биде потребна за подоцна.
Додадете сол, сув зачин, малку масло и сечкано бело лукче по вкус. Ставете го во блендер или рачно испасирајте го. Ако ви делува дека е многу густо, тогаш додадете од водата во која се вареше.
Смесата излејте ја во чинии и оставете на ладно да се стегне, а на страна пригответе запршка од масло и црвен пипер. Смесата засечете ја на коцки и прелијте ја со запршката.
РЕЦЕПТ 2
Потребни состојки:
500 г боб
1 помала главица кромид
сол, малку масло
2 лажички алева пиперка
Постапка:
Оваа количина е доволна за две добри длабоки чинии. Измијте го бобот, прелијте го со ладна вода навечер, а следниот ден ќе биде набубрен. Налијте го со вода, два прста над него, додадете сол и ставете на оган да се вари додека да омекне. Кога е варен испасирајте го или изблендирајте го.
Додадете му ситно сечкан лук и посолете го по вкус. Излијте го во длабоки чинии, оставете го на ладно да се стегне и олади. Во тава загрејте малку масло, додадете алева пиперка измешјате и веднаш тргнете од оган, па прелијте преку ладните пифтии. Исечете на коцки и послужете.
Coolinarika.com