Фото и рецепт: Елена Ангелевска
Потребни состојки:
1 кг брашно
1 мало лажиче сол
½ филџан масло
500 мл млака вода
1 мало лажиче шеќер
1 коцка квасец
*путер за премачкување
Постапка:
Квасецот се раствора во водата и се замесува тестото. Се остава да надојде, повторно се размесува и се дели на 10 топчиња.
Се зема едно топче и се сучи колку што е тепсијата. Се премачкува со растопен путер(маргарин) и се поросува урда.
Се зема второто топче, се расукува и се става врз првата кора, и исто така се премачкува со путер и се наросува урда.
Постапката се повторува со сите девет, а десеттото топче само се расукува и се става најгоре. Погачата се сече на парчиња со облик по ваш избор. Се остава убаво да надојде, се полева со растопен путер, се наросува со сусам, па се става на печење во загреана рерна на 220-200 степени околу 30 минути.