Многу вкусна, мека, кремаста, освежителна…

Потребни состојки:

400 г бисквити

За фил од малини:

1 кг малини
150 г шеќер
15 г желатин
50 мл вода
100 мл вода

За бел фил:

1 литар млеко
9 лажици гриз
200 г шеќер во прав
200 мл слатка павлака

За украсување:

600 г малини
60 мл сируп од малини
20 г желатин

Постапка:

Во 1 литар млеко ставете 9 лажици гриз, варете додека да згусне и да излади.

Изматете 200 мл слатка павлака со 200 г шеќер во прав и додавајте лажица по лажица матејќи го ладниот сварен гриз.

Во 100 мл вода ставете 15 г желатин да набубри. Во еден сад ставете 1 кг малини, 150 г шеќер и 50 мл вода, па варете откако ќе проврие уште 5 минути.

Топлата смеса испасирајте ја и во неа додадете го набубрениот желатин кој сме го растопиле на тивок оган. Добро измешајте и оставете да се стегне.

На тацна наредете бисквити (20х30 см), премачкајте ги со ½ бел фил. Преку ставете ½ фил од малини (не дозволувајте до крај да се стегне, туку толку колку да може да се мачка преку филот), па вториот ред бисквити, 2/2 од белиот фил, 2/2 од сирупот од малини и трет ред бисквити. Бисквитите не треба да се потопуваат во течност.

Врз последниот ред бисквити наредете 600 г малини. Во сад ставете 100 мл вода и 20 г желатин да набубри. Ставете 60 мл сируп од малини да се загрее, додадете го набубрениот желатин растопен на тивок оган, па добро измешајте и оставете малку да се стагне, па прелијте преку малините.