Според древните учења на старите мудреци, некои домашни билки поседуваат неверојатна особина за генерирање на позитивна енергија. Според оваа филозофија, билките се способни дра-матично да го променат животот на човекот.

Тие поседуваат уникатни својства, да им обезбедат на луѓето позитивна енергија, а исто така, можат позитивно да влијаат врз некои животни аспекти: да ја подобрат финансиската состојба, да привлечат среќа, да исцелуваат разни болести, а исто така да ини-цираат помирување кај оние кои се во кавга – се смета според ова учење за цвеќињата.

Еве кои вашите „зелени пријатели”:

БОСИЛЕК

Босилекот е познат како билка која ги брка з-лите намери, помисли и слично, па доволно е да запа-лите малку сув босилек во својот дом, да го окадите и да оставите да делува. Ќе уживате во аромата, но сепак, не претерувајте.

ЛАВАНДА

Еден од древните симболи за чистота и љубов. Покрај тоа е најдобар лек за сите оние кои па-тат од несоница, лошо рас-положение или деп-ресија. Извонредно смирува и помага да се заспие.

Состојките кои ги содржи влијаат врз централниот нервен систем, благодарение на што лавандата помага кај сите со состојба на вознемиреност, хистерија, главоболка и мигрена. Едноставно, ставете саксија со оваа билка во вашата спална соба.

КРАСУЛА

Се верува дека присуството на красула (билката на парите) во просторијата во која престојувате, позитивно влијае врз работата и на сопственикот му носи подобра заработувачка. Затоа е одличен избор за канцеларии, а во некои азиски земји, дури се пренесува од колено на колено.

Според Фенг шуи философијата, билката треба да се постави од десна страна на влезната врата од домот во северниот или северозападниот дел. Билката поседува етерични масла кои ја зголемуваат менталната и физичката будност кај човекот и ги активираат неговите умни и физички способности.

АЛОЕ

Лековитите својства на оваа билка за многумина се познати, бидејќи алоето често се користи во медицината и козметологијата. Таа надалеку е позната по тоа што има големо влијание врз здравјето. Позната како „еликсир на младоста”, додека старите Египќани ја нарекувале „билка на бесмрт-носта”.

Според Фенг шуи учењето, се препорачува да се распоредат саксии со оваа билка во собата каде има болни луѓе. Се смета дека алоето придонесува за побрзо оздравување.

НАНЕ

Нането спаѓа во најлековитите, а воедно и најароматичните билки. Нането поседува освежувачки ефект врз целиот организам: Помага во ослободување од умор, а исто така го подобрува памтењето.

Ки-незите веруваат дека саксијата со нане треба да се наоѓа во секој дом, бидејќи тоа влијае врз привлекувањето на позитивната енергија.

ЈАСМИН

Мирисниот жбун со зелени ливчиња и блескаво бели цветчиња, веќе со илјадници години ги пленува луѓето, од далечниот Исток па до Медитеранот. Ако ружата е кралица на цвеќињата, тогаш јасминот е крал.

Сопствениците на оваа билка со текот на времето стануваат многу комуникативни и му се радуваат на животот. За привлекување на среќа и зголемување на позитивната енергија се препорачува јасминот да се стави во јужниот дел од просторијата.

СПАТИФИЛУМ

Се верува дека токму оваа собна билка е одговорна за женската благостојба, па затоа неретко се нарекува женска среќа. Одамна жените започнале да забележуваат дека ова цвеќе во нивниот дом предизвикувало позитивни промени, посебно во љубовните од-носи.

Според верувањето, среќата исто така, доаѓа дома кај жените кои долго време се обидувале да забре-менат.

РУЗМАРИН

Доколку започнувате нова работа или сте запознале нова љубов, време е за малку рузмарин, бидејќи се вели дека тој го олеснува почетокот. Покрај тоа што привлекува љубов и ст-раст, ја поттикнува и меморијата и доброто расположение. Распоредете неколку гранчиња по куќата или едноставно одгледувајте го како собна билка.

БАМБУС

Симболизира добра среќа и просперитет. Ставите гранчиња бамбус во темните агли од собите со цел да ја избркате негативната енергија.