Британците ја нарекле „Златото на Дева Марија“, а името потекнува од христијанската традиција да се ќитат иконите на Дева Марија со цвеќиња од невен, кои симболизираат златници.
Според легендата, за време на бегството на Јосиф и Марија во Египет, Светото семејство било прогонувано од банда крадци. Кога разбојниците ги стигнале и им ги зеле чантите, од таму испаднале цвеќиња од невен, наместо пари.
Малкумина знаат дека овие цвеќиња се моќно средство кое ги штити градинарските растенија од штетници. Исто така, невенот се користи во готвењето, природната медицина и козметологијата.
Третман со невен
Во народната медицина, воден екстракт од цвеќиња од невен веќе долго време се користи како диуретик. Чајот од невен се пие за лекување на дијареја и грчеви во стомакот.
Мексиканските Индијанци користеле тинктура од невен за подобрување на доењето и ублажување на ревматските болки. И во Индија, сокот од свежо исцедени лисја на растението, лекува егзема.
Современата наука ги потврдува лековитите својства на невенот. Откриено е дека тие помагаат во подобрување на црниот дроб и бубрезите и при воспалителни процеси ја ублажуваат болката. Инфузиите од невен го подобруваат метаболизмот и го зајакнуваат имунитетот.
Во раните фази на дијабетес, тие се во состојба да го нормализираат нивото на шеќер во крвта, имајќи позитивен ефект врз панкреасот. Цветовите на ова растение содржи каротеноиди, кои го намалуваат ризикот од развој на катаракта.
Верувања: Невенот е едно од цвеќињата со кое се плете традиционалното венче, симбол на верност. Момите плетеле ваков венец за да го маѓепсаат саканиот човек и тој секогаш да им биде верен.
Патем, невенот може да се додава во компоти и желеа, кои се здобиваат не само со посебен вкус, туку и со лековити својства, ја зголемуваат отпорноста на телото на настинки и грип.
Билен чај со невен за подобрување на видот
Во чајник од 0,5 литри ставете лажичка зелен чај, 5 цветови од невен, 2 големи листови од коприва, 1 млад лист од артичока и 2 гранчиња нане.
Наполнете го бокалот со топла вода и покријте го со крпа 30 минути. Пијте го овој чај во текот на денот, разредете го со малку вода во чашата. Со она што ќе остане, можете да ги миете очите наутро.
Цветовите од невен го подобруваат видот бидејќи содржат каротеноиден лутеин, од кој зависи квалитетот и јасноста на видот. За да се врати видната острина, билкарите исто така советуваат да земаат 3 свежи цветови на ден во период од 1 месец. Кај деца, дозата се намалува на 1 цвет.
За да го излекувате црниот дроб
5 цветови од невен треба да се прелијат со литар врела вода, да се варат 3 минути на тивок оган и да се процедат. Земете 250 мл пред јадење наутро и навечер. Текот на третманот е 1 месец, по што треба да се направи пауза од една недела, па да се повтори.
Против паразити
Инфузијата од невен е одлична за паразитски оштетувања на телото. За да подготвите таков лек, земете една лажица свежо цвеќе од невен и прелијте го со 300 мл врела вода.
Потоа, поклопете и оставете додека да се излади целосно и процедете, земете 2 лажици 3 пати на ден пред јадење. Времетраењето на третманот е 2 недели.
Во случај на дијабетес и болести на панкреасот
Во случај на дијабетес, прелијте 50 цветови невен со 500 мл со водка и оставете на темно место една недела. Употреба: по една лажичка трипати на ден пред јадење.
Во случај на болести на панкреасот, земањето тинктура од невен ви овозможува да ја подобрите состојбата на телото, да го намалите воспалението и отокот, како и да го нормализирате производството на ензими.
Невеново масло против рани, лишаи, егзема, импетиго, хемороиди, изгореници, гнојни чиреви и габични заболувања на кожата – РЕЦЕПТ
-Доцна претпладне, пред само пладне кога сонцето е најсилно, наберете ги отворените цветови од невен и малку листови.
-Исечкајте ги цветовите и листовите со ножици и сето заедно ставете го во широка тегла.
-Прелијте со ладно цедено маслиново, сончогледово, сусамово и масло од тиква, да биде најмалку 3 см над билката.
-Затворете ја добро теглата и ставете на топло или сончево место. Односот на невен и масло е некаде 1:1, односно на една чаша цветови невен се става една чаша масло.
-Теглата треба да отстои на сонце 4 до 5 седмици. Повремено теглата треба да се протресува.
-По изминатиот период маслото процедете го низ стерилна газа и складирајте го во темно стаклено, стерилно шише, на темно и ладно место.
Внимание: невеновото масло лесно може да оксидира доколку не се чува соодветно. Секогаш кога ќе го користите проверувајте случајно да не ја променило бојата или да не ужегнало, бидејќи тогаш ја изгубило лековитоста.
Маслото од невен може да се пие кај чувствителен желудник со ранички или постоење на чир на желудник и дванаесетпалечно црево, по две лажици дневно пред јадење. Маслото мора да е свежо и направено од масло кое се јаде.
Во народната медицина од оваа билка се прават бројни мевлеми против импетиго, суви и влажни егземи и перутави лишаи. Стимулира создавање на нови клетки, ги отстранува гнојните исцедоци, па се користи против загноени нокти. Невенот се покажал како исклучително ефикасно средство против габички, особено на кандидата.
МЕВЛЕМ ПРОТИВ ПРОШИРЕНИ ВЕНИ
Загрејте половина килограм свинска маст на тивок оган. Кога целосно ќе се растопи додадете две лажици свежи цветови невен и една рака исушени зелени, боцкави лушпи од див костен.
Оставете да запени, тргнете од шпорет и мешајте 5 минути. Поклопете и оставете на ладно место 24 часа.
Потоа полека загрејте ја смесата со постојано мешање додека целорно да се растопи. Процедете низ стерилна газа и складирајте во чиста и сува тегличка. Чувајте на темно и суво место. Вените мачкајте ги секоја вечер, без масирање и притискање, одоздола кон нагоре во правецот на срцето.