Билка на денот: Грчко семе/Пискавец (lat. Foenugraeci semen) – пишува Мартин Најдовски.
Пискавецот е една многу древна и стара билка. Таа се користела уште во стар Египет, Месопотамија и Индија. Оваа билка се увезува и не се одгледува кај нас, но вреди да се зборува за нејзината лековитост, бидејќи е одлична за многу работи.
Лековити делови се семето и листот но најмногу се употребува семето. Бидејќи е составен дел во зачинот “кари”, може да се користи како чај или како зачин во храната.
Грчкото семе е многу добро за намалување на холестеролот и шеќерот во крвта. Според некои индиски истажувања се покажало дека успешно помага кај диjабетес тип 2.
Може и да се користи кај белодробни заболувања како што се кашлица и туберколоза, но и исто така, и кај ишијас.
За мажите е добра бидејќи ја зголемува моќноста, а особено е добра за тие што вежбаат, поради високото количество на протеини може да стане природна замена за хемиските прашоци кои се користат за мускулатурата. Се покажала одлична за зголемување на мускулите.
Додека кај жените, грчкото семе се користи за раст на градите, но, потребно е долготрајно користење. Ова е овозможено поради присуството на фитоестрогени.
Грчкото семе исто така помага за подобрување на здравјето кај жените во менопауза, го средува нередовниот циклус и спречува појава на рак на дојка (го препорачувам секоја жена да го има и да го користи почесто), и е одличен лек за средување на хормоните.
Исто така помага во создавање на нови крвни зрнца.
Чај за мажи и за жени:
– 1 супена лажица грчко семе се вари во 250 мл вода, 10 минути врие (не клуч) туку кога ќе зоврие се трга на страна, стои 20 минути и се зема 2 шолји дневно.
Чајот се пие на голтки а семето можете да го изедете откако ке го испиете чајот, но можете и да го фрлите.
Ако се зема за поголеми гради, резултатот се забележува после 6 месеци. Ако до 8 месец нема резултати, се прекинува со третманот.
Не ги надминувајте дневните дози за земање на оваа билка.
Масажа за гради: 1 супена лажица семе се остава во 250 мл вода да стои во ладна вода 24 часа. Следното утро оваа вода се користи за масажа на градите.
Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате Mартин на неговата фан страница Лилма.