Кантарион или Богородична трева како што уште се нарекува меѓу народот, е многу ценета во природната медицина.
Таа е најделотворна во лекувањето на проблемите со црниот дроб и жолчната кеса, но, најдетално е испитано нејзиното дејство врз депресијата.
Клинички е докажано дека кантарионот може значително да го поправи расположението и да ги намали депресивните состојби.
Го намалува чувството на исцрпеност, умор и безволност. Помага и кај фобии и пореметување на спиењето.
Успешно се користи и кај луѓе кои имаат потешкотии со спиењето и концентрацијата, а се препорачува и за жени во менопауза.
Во овој случај најчесто се користи чај или тинктура. Антидепресивното дејство настапува постепено и после две седмици се забележуваат промените.
Тинктурата против депресија можете да ја приготвите од 20 г свежо исушени цветови. Прелијте ги со 100 мл 70% алкохол (се купува од аптека). Оставете да отстои најмалку две седмици, а потоа процедете.
Употреба: од 20 до 30 капки во половина чаша вода, 2-3 пати дневно. Терапијата треба да трае од четири до шест седмици, но пред користење посоветувајте се со вашиот лекар, особено ако имате тешки проблеми со анксиозност.
За чај против депресија: една до две лажички сув кантарион оставете да отстои во врела вода 10 минути. Наутро и навечер се пие по шолја чај. За подобри резултати чајот треба да се пие од 4 до 6 седмици секојдневно.
Напомена: Овој чај не се препорачува за трудници.