Популарниот зачин ловоров лист се користи како зачин, најчесто при готвени варива, но убава арома дава и во зимниците, особено оние со маринада. Меѓутоа, оваа билка е повеќе од зачин.




Доколку правилно го приготвите и го применете неколку дена, овој зачин може да послужи и како лек. Од него се приготвува еден многу вкусен напиток кој го прочистува организмот од натpyпаните токсини и соли.




Сигурно се прашувате, зошто да се прочистувате и како да знаете дека на организмот му е потребно прочистување. Еден ваков третман потребно е да се применува повремено, а еве зошто:




Постојано во организмот се случуваат бројни реакции при функционирањето на органските системи. Притоа, се ослободуваат разни метаболни нуспродукти, а дополнително остануваат токсини од внесена храна, лекови, вода…




Овие токсини и соли постепено се таложат во телото и започнуваат да го попречуваат нормалното функционирање на оpганите и оpганcките системи, а тоа значи дека организмот започнува да слабее и дека многу полесно можеме да се разболиме.




Ако постојано чувствувате некаква тежина и притисок или главоболка, забележувате недостиг на апетит или пак, енормно зголемен апетит за нездрава храна, се појавиле подочници и често сте уморни, најверојатно сте дошле до стадиум кога ви е потребна детоксикација.




НАПИТОК ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ СО ЛОВОРОВ ЛИСТ. Потребни состојки: 5 ловорови листови и 300 мл вода. Постапка: водата ставете ја на оган да зоврие. Потоа додајте ги ловоровите листови.




Оставете да врие и да се вари пет минути. Потоа тргнете од оган, оставете да отстои поклопено неколку часови или преку цела ноќ, па процедете. Најдобро е течноста да ја складирате во термос и да оставите да отстои три часа. Се пие во голтки.




Три дена потребно е да се пие овој напиток, а потоа се прави пауза од седум дена, а по потреба се повторува. За хронични болести растворот се пие пет дена по ред, па се прави пауза од седум дена.




Во текот на третманот може да забележите дека урината ви станала црвенкаста или пак имате зголемена потреба за мокрење. Тоа е вообичаено и не треба да ве загрижува, бидејќи солите од организмот интензивно се исфрлаат.




Сувите ловорови листови имаат рок на траење до една година. Се чуваат во тегла, добро затворени и заштитени од воздух и светлина. Не се препорачува за бремени жени, а за мачки и кучиња е токcичен.