Без почва, не бара ниту секојдневно полевање, одгледувањето на целерот на ваков начин ништо нема да ве чини. Можете да го одгледувате во затворена просторија без вообичаените потреби од земја и наводнување.
Целерот е одличен и многу здрав зеленчук со висока хранлива вредност кој познавачите редовно го одгледуваат во своите градини. Затоа, не пропуштајте ја оваа можност и научете како да го одгледувате во домашни услови, во затворен простор.
За секој корен ќе ви биде потребно едно големо 2-литарско пластично шише, па според планиранираниот број корења, набавете соодветен број шишиња, добро измиени и дезинфицирани, со пресечени врвови за да можат да послужат како вазни (сочувајте ги горните делови како инки).
Купете или употребете корења целер сосе лист, потсечете ги листовите 3-5 см над корењата и со помош на ноже исчистете ги од вишокот земја и замрсени, непотребни корења. Потоа под чешма исперете ги добро од вишокот земја (со ладна вода).
Добро исчистените корења измиени со вода ставете ги секој посебно најпрво во „инката“, така што поголемиот дел од долгите коренчиња ќе излегува низ тенкиот отвор, а гормиот дел -гранчињата, ќе остане во „инката“.
Секоја „инка“ со билката ставете ја соодветната „вазна“. Залијте ги со филтрирана вода или дошдовница, во висина од 2-3 см и оставете ги покрај прозор или на некое добро осветлено место.
Ако користите вода од чешма, за да го неутрализирате хлорот, додајте витамин ц (на 37 литри вода приближно се додаваат 100 мг витамин Ц). После 10 дена ќе забележите дека целерот пуштил нови листови.
После 10 дена потребно е да им се промени водата, односно да се истури старата која преостанала и да се залеат со нова, чиста вода. Ако има остатоци од земја и нечистотија, најдобро е да се исплакне „вазната“ пред да се наполни со чиста вода.
После 30 дена веќе ќе имате бујни и развиени зелени листови. Повторно променете ја застојаната вода со нова, чиста вода во која по потреба сте додале течен прихранувач (може да се купи од аптека, а може и сами да си го направите), и по потреба исплакнете ги „вазните“.
Овој начин на одгледување целер може да се користи одново и одново, т.е. да ги берете лисјата, да ги отстранувате вишкот корењаи да го повторувате променувањето на водата на секои 10-тина дена. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.