Без шеќер, без рерна! Вкусни диетални топчиња кои се топат во уcта…
Во потрагата по поздрави алтернативи за вкусни колачи, честопати сме во дилема…
Како да се сладиме во вкусните десерти без да го загpозиме нашето здравје?
Ова е еден одличен рецепт за таков десерт, кој не само што не содржи шеќер, туку и не мора да вклучувате рерна! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
80 г урми (15 минути потопени во вода)
70 г суви сливи (15 минути потопени во вода)
100 г мелени кикирики (тостирани во сува тава)
30 г оризови галети
20 г кокосови снегулки
1 лажичка мелен ѓумбир
½ лажичка цимет во прав
сок од половина портокал (приближно 50 мл)
За глазура:
170 г бело чоколадо без шеќер
1 лажица растително масло.
ПОСТАПКА:
Сувото овошје потопете го во ладна вода и оставете го да се хидрира, 15 минути. За тоа време кикириките истостирајте ги во сува тава, на средно умерен оган додека убаво да замирисаат.
Oставете ги да се оладат, па излупете ги и измелете ги.
Од мелените кикирики извадете 2 лажици настрана, кои ќе ви бидат потребни подоцна, за декорација. Сувото овошје исцедете го од водата, исечете го на помали парчиња и заедно со кикириките сомелете ги во блендерот.
Во смесата додајте искршени оризови галети и кокос, па повторно сомелете. Додајте ги и сите преостанати состојки и заедно со процедениот сок од портокал замесете со рака фино тесто кое лесно се обликува.
Формирајте топчиња и потопувајте ги во растопено бело чоколадо во кое сте додале малку масло.
Редете ги врз хартија, декорирајте ги со малку мелени кикирики и оставете ги во фрижидер да се стегнат, 15 минути.
Потоа можете да ги ставите во хартиени корпички и да се сладите. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.