Без рерна…Десерт за 5 минути…Ќе бидете воодушевени од овој вкус…Ќе го изедете целиот за 5 минути. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За крем:
2 јајца
70 г шеќер
45 г скроб/нишесте/густин
500 мл млеко
25 г путер
1 лажичка екстракт од ванила
200 мл слатка павлака за шлаг

И уште:
1 лажица инстант кафе
100-150 мл млеко
бисквити по ваш избор
рендано чоколадо за декорација

ПОСТАПКА:

1.Изматете ги рачно јајцата со шеќерот, па додајте го скробот и изедначете да нема грутчиња. Потоа додајте го млекото и ставете на оган да се вари со непрекинбато мешање додека да згусне.

2.Тргнете го тенџерето од оган, додајте ги путерот и ванилата, па откако ќе се инкорпорираат оставете го кремот целосно да се олади на собна температура.

3.Ладната слатка павлака изматете ја во шлаг, па постепено додавајте го изладениот крем и соединете со миксер.

4.Инстант кафето растворете го во млеко. На дното од десертниот сад или калапот по желба ставете тенок слој од кремот, а потоа наредете еден слој бисквити кратко натопувани во кафето.

5.Продолжете со редењето крем-бисквити додека да ви се потроши материјалот. Одозгора декорирајте со рендано чоколадо. Десертот изладете го во фрижидер најмалку 2-3 часа. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/vG4VMLaM0CQ?si=PArZ61ZPapNeUUAI