Ова е старо турко јадење наречено „килис тава“, а се приготвува со модри патлиџани. Тие се сечат на тенки ленти и се премачкуваат со ароматичн прелив, па се редат на дното од тавата во која ќе се печат.




Врз нив се реди мешавина од мелено месо и ситно сечкан зеленчук, па се пече во рерна. Не станува збор за класична „мусака“, како што е на пример традиционалната со компир, туку се разликува во редењето на состојките и парчињата зеленчук кои се потпекуваат одозгора. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 модри патлиџани, 1.5 литар вода и 1 лажица сол. ЗА МЕСНА МЕШАВИНА: 500 г мелено месо, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 1 црвена пиперка, 1 зњлена пиперка, 2 домати, магдонос, по 1 лажичка: нане, чили црвен пипер, црн пипер, толчен пипер, мајчина душичка, сол.

ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 90 мл масло, 1 лажичка лут црвен пипер чили, 1 лажичка сол. ЗА СОС: 40 г доматно пире и 200 мл вода. ЗА ОДОЗГОРА: 5 доматчиња, 2 главици кромид, 5 зелени тенки пиперки




ПОСТАПКА: Модрите патлиџани излупете ги, отсечете им ги дршките и исечете ги на тенки ленти со дебелина од 1 см. Потоапете ги во солен раствор од 1,5 вода и 1 лажица сол, потиснете ги со некоја чинија за да бидат потопени во водата и оставете ги да отстојат 15 минути. Солената вода ќе ги направи повкусни.




За тоа време подгответе ја месната мешавина. Сиот зеленчук исечкајте го најситно што можете, па додајте го во меленото месо. Зачинете со ароматични билки, сол и црн пипер по вкус, па добро измесете ја смесата со рака за да се изедначат состојките.




Подгответе го преливот: Во една чинија ставете 90 мл масло и по една лажичка чили црвен пипер и сол, па добро промешајте. Парчињата модар патлиџан процедете ги од водата, па секоја плочка премачкајте ја со овој прелив од двете страни.




Парчињата модар патлиџан наредете ги на дното од тавата/тепсијата во која ќе го печете јадењето, а следните слоеви скалесто редете ги едни врз други. Врз вака наредениот модар патлиџан рамномерно распоредете ја месната мешавина. Одозгора прелијте со растворен доматен сос и малку со виљушката измешајте го со месото.




Одозгора покријте прво со хартија за печење, а потоа и со алуминиумска фолија, но добро обезбедете за да не влегува воздух. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени 20 минути.

Потоа отстранете ја фолијата, наредете парчиња сечкани домати, кромид и неколку тенки зелени пиперки. Вратете да се допече уште половина час. Деталите погледнете ги ОВДЕ.