Потребни состојки:

  • 280 г чоколадни бисквити (од оние со кафеава боја)
  • 100 г растопен путер
  • 560 г крем сирење
  • 85 г шеќер во прав
  • 470 г нутела + 200 г за глазура
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажичка какао во прав
  • 80 мл слатка павлака – за глазура

Постапка:

280 г чоколадни бисквити сомелете ги во процесор. Додадете 100 г растопен путер и матете додека да се соединат. Смесата натапкајте ја на дното од калапот (20-21 с) и ставете во фрижидер додека го подготвувате кремот.

Во еден сад ставете 560 г крем сирење, додадете 85 г шеќер во прав и матете со миксер додека да добиете убава кремава маса. Додадете 470 г нутела па продолжете со миксање. На ѕидовите од садот во кој матете сигурно ќе остане дел кој нема да биде опфатен со маталките, па затоа земете со шпатула убаво поминете по ѕидот. Додадете 1 лажиче екстракт од ванила и 1 лажиче какао во прав (низ цедалче за да нема грутчиња). Продолжете со миксање до изедначување. Смесата истурете ја врз подлогата во калапот и со лесно протресување изедначете. Вратете во фрижидер на најмалку 6 часа.

Подгответе глазура:

80 мл слатка павлака ставете на оган, на умерена температура додека да се затопли, па истурете врз 200 г нутела. Оставете 1-2 минути да омекне нутелата па енергично започнете со мешање за да добиете изедначена смеса. Излејте ја глазурата врз кремот, и изедначете со лесно подигнување на калапот од сите агли. Вратете во фрижидер на уште најмалку 2 часа.