Потребни состојки за подлога: бисквити по ваш избор
Потребни состојки за крем: 700 мл слатка павлака, 700 мл млеко, 12 лажици густин, 12 лажици шеќер во прав, 2 ванилин шеќер, 125 г темно чоколадо и 125 г бело чоколадо
Постапка: измешајте слатка павлака и млеко, па одземете 250 мл од количината каде ќе додајте густин и добро ќе соединете да нема грутчиња. Остатокот од млекото во кое сте додале шеќер и ванилин шеќер ставете го на оган да зоврие.
Овој вид на креми е најдобро да се готват во тефлонски садови за да не загори млекото и да не се создадат грутчиња при варењето. Кога ќе зоврие, додајте го густинот со постојано мешање и тргнете од оган за да не загори. Интензивно мешајте на послаб оган додека да згусне (1-2 минути).
Сварениот крем поделете го на два дела: во едниот додајте темно чоколадо а во вториот бело чоколадо и добро промешајте за да се стопат чоколадите и да се поврзат со кремот.
Во соодветен калап наредете еден ред бисквити претходно малку натопени во млеко за да не биде подлогата премногу цврста и колачот подобро да се сече.
Наредете бисквити во два слоја, а кремите редете ги по желба, а можете и да ги „шарате” наизменично, ред темна-ред бела, па ќе добиете мраморен ефект. Добро изладете пред послужување, па исечете на коцки и украсете по желба.
сoolinarika.com