Сигурно сте се прашувале како се прави Милка, тој фантастичен вкус кој остава без здив!
Ова е рецепт по кој можете да направите Милка торта за само 30 минути.
Потребни состојки:
1 литар млеко
10 лажици шеќер
3 пудинзи од ванила
300 г млечно Милка чоколадо
100 г бело милка чоколадо
500 мл слатка павлака
плазма бисквити колку што е големо дното на калапот, за основа на тортата
Постапка:
200 мл млеко искористите за да го разматите пудингот и шеќерот. Останатото млеко 800 мл ставете го да зоврие, па додајте го разматениот пудинг и шеќерот.
Врелата смеса поделете ја на половина, па во едниот дел ставете го белото, а во другиот млечното чоколадо и мешајте дури не се растопат.
Измиксирајте ја слатката павлака, па половина тргнете на страна, а по четвртина ставете во двете смеси.
Во тркалазен калап обложен со кеса или проѕирна фолија излијте го белиот крем, а потоа остатокот од слатката павлака (половината која остана) па одозгора ставете го темниот крем.
Потоа ставете ред кекс потопен во млеко. Затворете ги краевите на кесата и оставете ја тортата во ладилник неколку часа да се стегне.
Извадете, отворете ја кесата, со помош на тацна превртете ја тортата и вашата Милка ќе биде со идеален облик.