Home Десерти Без печење и брза подготвка за ненајавени гости – ЕКЛЕР КОЛАЧ

Без печење и брза подготвка за ненајавени гости – ЕКЛЕР КОЛАЧ

Без печење: Чоколаден еклер десерт

Со слоеви од крцкави бисквити, нежен крем од ванила и богата чоколадна глазура, овој класичен десерт без печење е кремав, неодолив и секогаш омилен на трпезата, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

Фил:
2 пакувања (по 99 г) инстант пудинг од ванила (без варење)
3 чаши млеко
1 чаша (226 г) разладена течна павлака за шлаг (или 3 чаши веќе изматен сладок шлаг)
1 кутија (408 г) бисквити
НМД

Глазура:
1/3 чаша незасладено какао во прав
1 чаша шеќер
1/4 чаша млеко
1/2 чаша путер
1 лажичка екстракт од ванила

Постапка:

Изматете ги пакувањата инстант пудинг со млекото додека се се згусне смесата. Придржувајте се според инструкциите на пакувањето (количината на млеко може да варира).

Посебно изматете ја разладената течна павлака во цврст шлаг. Внимателно спојте ги двете смеси и измешајте со шпатула додека да се соединат во нежен крем.

Во правоаголен калап со средна големина премачкајте тенок слој од филот за да се залепат бисквитите.

Наредете еден ред бисквити, па преку нив распоредете половина од филот. Повторете со уште еден ред бисквити и преостанатиот фил, израмнувајќи ја површината. Завршете со последен ред бисквити.

Во мало тенџере на тивок оган измешајте ги сите состојки за глазурата. Мешајте постојано додека путерот се растопи и смесата се загрее.

Тргнете од оган, додајте ванила и промешајте. Веднаш прелијте ја топлата глазура рамномерно преку последниот слој бисквити.

Оставете го десертот да се олади во фрижидер најмалку 8 часа, а најдобро преку ноќ, за да омекнат бисквитите и да се спојат вкусовите.

Послужете го ладен. Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ: