Без брашно! Супер лесен рецепт за ситни шупливи колачи кои се прават за 5 минути! Наместо обично пченично брашно, потребно ви е оризово брашно кое можете да го најдете во продавниците за здрава храна.

Конкретно, потребно е слатко оризово (глутино) брашно кое е познато како сладок ориз во прав. Ова брашно е направено од ориз со кратко зрно кое станува влажно, цврсто и лепливо кога се готви, како резултат на неговиот поголем процент на восочни молекули на скроб. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 јајце
100 г млеко
20 г масло за јадење
15 г шеќер
170 г слатко (глутино) оризово брашно

ПОСТАПКА:

Со рачна маталка изматете го јајцето, па додајте ги останатите состојки и промешајте. На крај додајте го оризовото брашно. ВАЖНО: Постојано мешајте во една иста насока.

Во овој момент, ако тестото е премногу густо, додајте неколку капки млеко. Ако е премногу водено, додадете повеќе оризово брашно. Треба да биде комапктно и меко тесто, слично на она за тулумби.

Кога ќе ја подигнете лажицата со тесто, тоа треба да паѓаи виси обликувајќи триаголник или буква „V“.

Наполнете готварска кеса на чиј крај има продолжеток со дијаметар од приближно 10 см.

Погрижете се во кесата да нема празен простор, за кога ќе се истиснува да излегуваат целосни колачиња.

Истиснувајте ги во плех обложен со хартија за печење и печете ги во загреана рерна на 180 степени 10 минути. Во текот на печењето тие малку нараснуваат.

Оставете малку да се оладат, а потоа можете да ги послужите. Крцкави се и вкусни и одлични за закуска. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.