БЕЗ ЈАЈЦА, БЕЗ МИКСЕР…Евтин и најбрз кокос колач со мерки на чаша…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
1 чаша кокос
1 чаша шеќер
1 чаша млеко
1 чаша јогурт
1/2 чаша масло
2 чаши брашно
1 кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванилин шеќер
За глазура:
100 г млечно чоколадо
2 лажици масло
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад рачно помешајте кокос, шеќер, ванила и млеко. Потоа постепено додека мешате додајте го јогуртот, па маслото.
2.Потоа додајте го брашното и прашокот за печиво, па повторно измешајте додека сите состојки да се соединат. Смесата излејте ја во намастен калап 20х30 см и печете во загреана рерна на 180 степени, 20 минути.
3,Чоколадото растопете го на пареа заедно со две лажици масло.
Со глазурата премачкјате го печениот колач. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/S_IpYItoTB0?si=UXO-UgeygHLtgwPx