„Веќе долг период имам проблем со спиењето. Бев станата како „вампир“, сон не ме фаќаше до ниедно време. Сега пијам чај од комбинација на три билки и не можам да се одвојам од перницата“, раскажува читателка која конечно го пронашла решението за својот проблем.
„Уникатната комбинација од билки е во состојба да направи вистинско чудо од нашиот нервен систем. Меѓутоа, уште на самиот почеток ќе напоменам дека истите билки не смеат да се з-лоу-потребуваат, туку да се користат во стрикно пропишаната количина, со претходна консултација на лекар или фитотерапевт“, советува таа за читателите на НМД.мк
Заморот е голем проблем кој го засега целокупното здравје на организмот. Заморот може да биде симптом, но и причина за најразлични заболувања. Меѓутоа, природата за сè има решение. Постојат билки кои успешно го детоксицираат телото и го смируваат нервниот систем, па на тој начин организмот се стекнува со нова енергија.
Со самото чистење на кр-вта, лимфата, цревата, органите и целиот човеков систем воопшто, се подобрува здравјето, се засилува метаболизмот и се решаваат бројни здравствени проблеми.
Еден од главните проблеми на денешницата е недостатокот од сон. Повеќето луѓе си легнуваат многу доцна, а следниот ден мора да станат многу рано за да одат на работа. Овој проблем се отсликува на здравјето, особено на нервниот систем, а веќе рековме, основа за добро здравје е квалитетниот сон.
Постојат три билки кои можат да го решат овој проблем, а тоа се валеријана, хмељ и копар. Билките можете да ги набавите од Билна аптека или некој проверен билкар од доверба.
Потребни состојки: 5 г валеријана, 5 г хмељ, 5 г копар и 200 мл вода
Постапка: мешавината од наведените билки (по една чајна лажичка од секоја) попарете ја со врела вода. Поклопете и оставете половина час. Потоа процедете. Чајот е добро да се пие топол, па затоа малку загрејте го. Пијте го пред спиење.
Ја опушта мускулатурата, го релаксира нервниот систем и делува прочистувачки. Со овој чај се спие многу подобро и поквалитетно. Всушност, доколку сте немале време за да отспиете 8 часа, а сте спиеле само 6 часа, со помош на овој чај повторно ќе се разбудите одморено и регенерирано.
ВТОР РЕЦЕПТ: Сируп од мајчина душичка, се пие како сок а лекува нервоза, стрес и несоница. Ако ви се допадна рецептот, споделете го со своите пријатели, а доколку имате некој свој, сличен рецепт, споделете го со читателите на НМД.мк
Потребни состојки: 5 полни раце мајчина душичка (може и повеќе), 2,5 литри вода, 1,5 кг интегрален шеќер (или мед по вкус), 3-4 лимети или лимони и 1 лажица лимонска киселина
Постапка: наберете ја мајчината душичка кога е расцветана, на сончево време. Растресете ја врз чист чаршав или работна површина за да ја исчистите од евентуални бубачки, но немојте да ја миете. Прелијте ја со ладна вода и оставете така да стои 24-48 часа. Потоа добро процедете ја течноста низ газа, а билката добро исцедете ја.
Течноста прелијте ја во тенџерете и додајте го шеќерот. Потоа загрејте до вриење и варете 5 минути. Додајте сок од исцедени лимети, а доколку немате лимети (зелени лимони), тогаш исцедете обични лимони. Но, тие имаат своја посебна арома која одлично си одговара со мајчината душичка, па добро би било да се потрудите и да најдете лимети.
Во меѓувреме пригответе чисти и стерилизирани стаклени шишиња во кои ќе го складирате сирупот. Најдобро е претходно да се загреат во рерна на приближно 75 степени. Складирајте го сирупот во топли шишиња и веднаш затворајте ги. Од оваа количина се добиваат 3 литри сируп на разредување.
Кога го користите, овој сируп разредете го со вода во однос по желба. Може да го пиете кога сте нервозни или под стрес, но во него можете да уживате било кога. Додадете коцка мраз и парче лимета, па освежете се во врелите летни денови. По желба во овој сируп можете да додадете и нане.