Ова јадење е идеален ручек, па дури и кога имате госто. Може да послужите со салата, компир или нешто слично, баше е од оние јадења “прсти да излижеш”.
Потребни состојки:
700-800 г пилешко бело месо
сол и црн пипер по вкус
2 лажици брашно
200 мл млеко
700 мл пилешка супа (или коцка за супа разматена во 700 мл вода)
2 чешниња лук
100 – 150 г свежи или маринирани (исцедени) печурки (шампињони)
1 лажица сув зачин (вегета)
масло за пржење
Постапка:
Белото месо исечете го на шницли, а таму каде што е подебело малку со чекан исчукајте. Месото посолете го и запиперете го по вкус.
Најдобро се сече кога е полузамрзнато, па дури и кога ќе купите свежо, ставете го малку во замрзнувач да се стегне за полесно да го исечете.
Загрејте многу малку масло во нелеплива тава и секое парче пропржете го малку од двете страни малку да зарумени.
Извадете ги парчињата месо во чинија, а во преостанатото масло додајте уште малку, да биде 100 мл, па во него пропржете две чешниња исечкано лукче, додајте брашно и мешајте малку да пожолти.
Налејте ги млекото и супата, промешајте и додајте исечкани печурки на тенки листови.
Мешајте околу 2-3 минути, па додадете сув зачин и магдонос, по желба малку црн пипер, па вратете ги шницлите во тој сос и намалете го огнот. Оставете на тивко да се динста околу 10-15 минути.
Доколку сосот ви е малку густ, пред да ги ставите шницлите додајте малку вода, треба да добие густина малку поретка од јогурт, па додека се динста 10-15 минути, ќе достигне густина на јогурт. Се послужува топло.