Рецепт и видео презентација на Мои Домашни Рецепти – бели празнични колачиња.

Многу се слични со ванилиците, колку подолго стојат толку се повкусни. Одлични за со кафе или чај, ровки и вкусни… Колачите се печат во рерна на 180 степени само 15 минути. Од оваа количина излегуваат 34 колачи.

Потребни состојки:

250 г путер
1 кесичка ванилин шеќер (8 г)
100 г шеќер во прав
100 г нишесте/густин/скроб
250 г брашно

Постапка:

Во подлабок сад исечете го путерот на коцки и оставете го да омекне на собна температура. Потоа во него додадете една кесичка ванилин шеќер, 100 г шеќер во прав, 100 г густин и 250 г брашно.

Со рака убаво замесете додека сите состојки да се изедначат и да добиете средно меко тесто, мазно кое не се лепи на рака, а убаво се обликува.

Плехот обложете со хартија за печење, па започнете со формирање на колачите: кинете по малку од тестото, формирајте топче со помош на дланките (со величина на орев) и редете ги во плехот.

Со помош на виљушка притиснете ги нежно одозгора за да добиете шари, па ставете ги во претходно загреана рерна да се печат 15 минути на 180 степени. Печените колачи одозгора наросете ги со шеќер во прав. Целата постапка со деталите можете да ги погледнете во видео презентацијата ОВДЕ.