Освежителен колач кој се топи во уста, нема да ве остави рамнодушни.
Потребни состојки за крем:
1 литар млеко
7 жолчки
7 лажици шеќер
2 ванилин шеќер
9 лажици брашно
250 г маргарин/путер
за кора:
7 белки
7 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
7 лажици брашно
1 прашок за печиво
130 мл млеко за натопување
за декорација: 300 г слатка павлака или шлаг
Постапка:
Во жолчките додадете шеќер и ванилин шеќер, па пенасто изматете. Дел од млекото додадете го во жолчките, а потоа и брашното, па убаво изматете и соединете да нема грутчиња.
Остатокот од млекото ставете го да се вари, па кога ќе зоврие тргнете го на страна, намалете го огнот, па постепено додадете ги приготвените состојки со постојано мешање. Сварете го кремот на тивко додека да згусне и тргнете го настрана покриен со проѕирна фолија додека да излади. Изладениот крем изматете го со миксер, па постепено соедининете го со путер на собна температура исечен на коцкички. Добро соединете. Оставете во фрижидер добро да излади.
За кора: белките пенасто изматете ги, па постепено додавајте шеќер и ванилин шеќер. Матете додека да добиете цврст сјаен снег.
Брашното помешајте го со прашок за печиво, па додадете го во снегот од белки и со лажица внимателно соединете, да остане смесата пенлива. Рамномерно распоредете во плех обложен со хартија и печете во загреана рерна на 180 степени 15-20 минути. Додека кората се пече, сварете го млекото за натопување. Печената кора прелијте ја со врело млеко и оставете да се впие.
Откако кората ќе се излади, одвојте ја од хартијата и префрлете ја на тацна за сервирање, по можност со мобилен обрач. Ако немате обрач, тогаш може и во тепсијата во која се печеше (во тој случај, пред печењето тепсијата само намастете ја и набрашнете ја, не ја обложувајте со хартија).
Врз кората нанесете го изладениот крем, па одозгора распоредете го изматениот шлаг. Најдобро е ледените коцки да преноќат во фрижидер пред позлужување. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: