БЕЛИ КОКОС КОЦКИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…Брз, вкусен, мек, кремаст колач, погоден за секаква пригода…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г бисквити + малку млеко за натопување
1 литар млеко
2 кесички пудинг од ванила (2х40 г)
100 г шеќер
50 г бело чоколадо
120 г маргарин
200 г кокос
7 лажици шлаг во прав (2 кесички)
50 г кокос за декорација

ПОСТАПКА:
Пудингот растворете го во 200 мл млеко, а остатокот ставете го да зоврие заедно со шеќерот. Сипете го растворот и сварете го пудингот со непрекинато мешање додека да згусне.
Додајте го чоколадото и путерот и промешајте додека да се растопат и соединат. Додајте го кокосот и изматете со миксер за сето убаво да се соедини. Тргнете го кремот да се олади.

Повторно изматете го го миксер и сипете го шлагот во прав. Измиксајте неколку минути и кремот е готов. Во калап наредете бисквити кратко натопувани во млеко (4х5). Распоредете 1/4 крем.

Продолжете ја постапката на редење бисквити-крем и завршете со крем. Одозгора посипете кокос. Оставете во фрижидер да се олади неколку часа или најдобро преку цела ноќ. Постапката погледнете ја ОВДЕ:




































