Home Десерти БЕЛИ КОКОС КОЦКИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…Брз, вкусен, мек, кремаст колач, погоден за секаква...

БЕЛИ КОКОС КОЦКИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…Брз, вкусен, мек, кремаст колач, погоден за секаква пригода…

БЕЛИ КОКОС КОЦКИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…Брз, вкусен, мек, кремаст колач, погоден за секаква пригода…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г бисквити + малку млеко за натопување
1 литар млеко
2 кесички пудинг од ванила (2х40 г)
100 г шеќер
50 г бело чоколадо
120 г маргарин
200 г кокос
7 лажици шлаг во прав (2 кесички)
50 г кокос за декорација

ПОСТАПКА:

Пудингот растворете го во 200 мл млеко, а остатокот ставете го да зоврие заедно со шеќерот. Сипете го растворот и сварете го пудингот со непрекинато мешање додека да згусне.

Додајте го чоколадото и путерот и промешајте додека да се растопат и соединат. Додајте го кокосот и изматете со миксер за сето убаво да се соедини. Тргнете го кремот да се олади.

Повторно изматете го го миксер и сипете го шлагот во прав. Измиксајте неколку минути и кремот е готов. Во калап наредете бисквити кратко натопувани во млеко (4х5). Распоредете 1/4 крем.

Продолжете ја постапката на редење бисквити-крем и завршете со крем. Одозгора посипете кокос. Оставете во фрижидер да се олади неколку часа или најдобро преку цела ноќ. Постапката погледнете ја ОВДЕ: