Бела пилешка чорба со ладна запршка…Вкусно и едноставно јадење за целото семејство…Толку кремасто, вкусно и многу лесно за подготовка. Како сами да ја подготвите совршената бела пилешка чорба?
Пилешка бела супа со ладен сос од павлака. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 мала главица кромид
3 моркови
250 г пилешко месо
1 коцка за супа
3 компири
1500 мл вода
зачини: сув зеленчуков зачин, црн пипер, целер, магдонос
За белата ладна запрашка:
2 лажици брашно
2 лажици маслиново масло
1 жолчка од јајце
2 лажици кисела павлака
50 мл вода
ПОСТАПКА:
Во тенџере загрејте малку маслиново масло. Додајте го исечканиот кромид и пропржете го, а потоа додајте 3 ситно сечкани или изрендани моркови. Продинстајте кратко и потоа додајте 250 г пилешко исечкано на коцки.
Се динста на тивок оган. Кога состојките малку ќе омекнат, додајте 1 коцка за супа и со мешање растворете ја. Потоа треба да додадете околу 1 литар вода, да се вари 1-2 минути и потоа да додајте 3 ситно исечени компири.
Промешајте, па поклопете и оставете сè да се готви околу 40 минути.
За тоа време потребно е да се подготви смесата за ладна запршка. Во сад измешајте 2 лажици брашно, малку маслиново масло (околу 2 лажици), 1 жолчка, 2 лажици павлака и 50 мл вода. Сè добро соединете.
Кога зеленчукот и месото ќе се сварат после 40 минути, отворете го тенџерето, сипете 1,5 лажичка сув зачин и со постојано мешање, постепено додавајте ја смесата за ладна запршка. Зачинете по желба.
Јас додадов малку црн пипер, сув целер и магдонос. Промешајте и оставете ја чорбата да зоврие. Супата е готова и подготвена за сервирање. Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ: