На сите им се омилени познатите т.н. „виенски шницли“ познати по специфичното похување кое на шницлите им ја сочувува сета сочност и после готвењето месото останува меко и многу вкусно.

На ист начин може да се приготви и меленото месо кое претходно треба да се замеси со неколку состојки кои ќе му дадат уште поголема сочност.




Секое домаќинство си има некој свој рецепт за ќофтиња или плескавици, а во мешавината од мелено месо се додаваат разни состојки кои го зголемуваат волуменот, но и вкусот на месото.

Овојпат испробајте ги „виенски плескавици“, ќе бидете воодушевени. Излегуваат многу сочни и вкусни и сигурно ќе ги правите редовно. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г мелено месо, 150 г рендан чедар кашкавал (може и друг вид, како пармезан на пример), 2 полни супени лажици цврст јогурт или кисела павлака, 2 мали лажички кромид во прав/гранули, 2 лажици скроб/нишесте/густин, 50 мл ладно млеко, сол, црн пипер и зачини по ваш вкус.

За похување: 2 јајца, брашно и презла по потреба, масло за пржење

За гарнир: варени млади компири наросени со ситно сечкан магдонос или зелени перца од млад кромид. За салата: „ајсберг“ или обична зелена салата, 3 лажици маслиново масло, 3 лажици оцет, 3 лажички мед, 2 лажички сенф, сол и црн пипер по вкус

ПОСТАПКА: во подлабок сад ставете го меленото месо, додајте го ренданиот чедар кашкавал (или кашкавал по ваш избор), додајте две полни супени лажици кисела павлака или цврст јогурт, 50 мл ладно млеко, скроб, сол и црн пипер по вкус.

Во смесата додајте и две лажици кромид во прав (гранули), а ако ставате свеж кромид, тогаш сомелете го и исцедете го добро од течноста. Во овој случај, промешајте добро и доколку сметате дека смесата е малку поретка отколку што треба да биде, додајте уште малку скроб.




Меленото месо измешајте го со другите состојки додека целосно да се изедначи во еднолична смеса, а зачините се растопат. покријте го со фолија или кеса, па оставете го да одмори во фрижидер за да се стегне и да ги прими сите вкусови.




За тоа пригответе ја салатата и дресингот. Измијте ја, исечкјате ја, па зачинете ја со сите наведени состојки. Добро промешајте ја и оставете ја во фрижидер до послужување. За тоа време сварете ги и младите компири, па пригответе ги и состојките за похување.




Во една чинија скршете две јајца и изматете ги со виљушка. Во друга чинија ставете брашно, а во треа чинија ставете сино мелени лебни трошки (презла). Со намастени раце црпете од смесата со мелено месо и обликувајте малку подобели плескавици од вообичаено, со облик на шницли.




Секоја плескавица најпрво потопете ја во брашното, убаво да се обложи од сите страни, потоа во изматените јајца, а најпосле во лебните трошки. Вака похуваните плескавици пржете ги во масло загреано на умерена температура. Кога ќе заруменат од двете страни, вадете ги врз решетка или врз хартиена салфетка.

Потоа наредете ги во плех обложен со хартија за печење, врз секоја плескавица ставете мало парче путер со големина на лешник и ставете ги во загреана рерна да се допечат уште 15-тина минути на 90-100 степени. Послужете со гарнир од варен компир и свежа салата. Деталите погледнете ги ОВДЕ.