Јодот е антисептик со широк спектар кој делува против широк спектар на бактерии, габи и други патогени микроорганизми кои ги заразуваат луѓето. Сепак, дали знаевте дека можете да користите јод за да ја спасите вашата градина од растителни болести?




Јод во градинарството. Паметните градинари веќе долго време користат јод за успешно лекување на габични заболувања на растенијата.

Габи во доматите

За да спречите болести кај доматите, треба да го направите следново: Измешајте 9 литри вода со 1 литар сурутка и додајте уште 2 мл аптекарски јод (5% концентрација) во таа течност. По 12 до 14 дена од пресадување на растението во нова почва, прскајте го со овој раствор и продолжете со редовно прскање на секои 10 до 12 дена.




Ако ги забележите на некои места дека листовите го губат здравиот изглед, веднаш отстранете ги од доматите, а остатокот испрскајте го со овој раствор на јод и прскајте го на секои 5 дена. Габичната инфекција би требало да се повлече.




Растворот базиран на јод ја потиснува прашкастата мувла, која може да го изеде растението. Краставиците, тиквичките и тиквите најчесто заболуваат од прашкастата мувла.

Ако ги забележите првите знаци на оваа болест, започнете да ги третирате со раствор од 9 литри вода, 1 литар сурутка, 1 мл јод). Повторувајте ја постапката на секои 5 до 7 дена. Доколку сте истрајни и редовно го прскате растението, можете целосно да се ослободите од овие болести.




Искусни градинари ќе ви кажат дека на растенијата третирани со раствор на јод им треба подолго време за да родат плод. Дури и ако не добило мувла, прскајте ги краставиците со овој раствор на секои 10 до 12 дена.

При г ниење на краставиците

Направете раствор од 10 литри вода и 1 мл медицински јод, потоа третирајте го коренот на краставицата со него и спречете го гни-ењето што е неизбежно за време на топлиот и дождливиот период. Истурете литар од овој раствор врз секоја краставица. Можете да третирате тиквички со истиот раствор, но можете да додадете дури 5 мл јод на 10 литри вода.




Зелка

Зелката го „сака” јодот. За да ја одржите зелката здрава, залевајте ја со раствор од 10 литри вода во која сте додале 2 мл јод. Наводнете го секое растение со 1 литар од овој раствор.

Јагоди

Заштитете ги јагодите од сиво гни-ење со истурање на раствор од 10 л вода и 1 мл јод, 5 до 7 дена пред да почнат да цветаат јагодите и почвата околу нив. Пред да почнат да цветаат, прскајте ги по двапати со овој раствор и ќе видите дека ниедна болест нема да влијае врз нив.




Јаболка

Можете исто така да ги заштитите јаболката од гни-ење ако ги напрскате со раствор на јод (10 литри вода и 10 мл јод). Листот и овошјето се прскаат 10 дена пред бербата.

Грозје

Заштитете го грозјето од гни-ење со правење раствор од 10 литри вода и 8 мл јод и обилно прскање на лисјата и овошјето со него. Не користете го овој раствор 10 дена пред берба на грозјето.




За дезинфекција на секое семе, потребна ви е само една капка фармацевтски јод разреден во 1 литар дестилирана вода. Натопете газа или памучна крпа во овој раствор и добро исцедете, а потоа завиткајте ги семето во неа и оставете да отстои 6 до 8 часа. Потоа исушете го семето на собна температура и посејте го.




Исто така сода бикарбоната се покажала како одлично средство за градинарството. Неколку трикови со неа мора да ги знаете, посочуваат успешните градинари, после ова ќе имате бавча полна со здрав плод.

Сода бикарбона се користи со векови како помош при чистење на домот, дезинфекција, како прва помош за убавина и здравје, но дали сте знаеле дека може да се користи и како помош во градината.




Сода бикарбона наместо пестициди

За бор-ба против штет-ниците, сода бикарбоната е 100 пати поефикасна и подобра од пестицидите. Можете да направите органски спреј за пестициди што може да ги уни-шти инсектите што ги напа-ѓаат вашите растенија.

Измешајте лажичка сода бикарбона, една третина од чаша маслиново масло и една чаша вода. Измешајте ја оваа комбинација добро така што сода бикарбоната добро ќе се раствори, потоа ставете во шише со спреј и испрскајте ги растенијата.




Ако се бо-рите со габични заболувања на растението, прскајте ги со овој раствор на секои два дена додека растението да заздрави. Користете го овој спреј на розите, виновата лоза и грозјето кога ќе се појави плодот. За да ги одбиете инсектите, направете спреј од лажица маслиново масло, лажица сода бикарбона и неколку капки течен сапун и разредете го сето тоа во 5 литри вода.

Ако имате проблем со мравките, можете да ги отстраните со комбинација од сода бикарбона, шеќер и оцет. Едноставно додајте пет лажички шеќер во сад и измешајте го со сода бикарбона. Не користете кристален шеќер туку само шеќер во прав бидејќи мравките се доволно паметни за да ги одделат зрната сода бикарбона од шеќерот.

Кога јадат сода бикарбона помешана со шеќер, тоа ќе ги уни-шти. За да бидете сигурни дека сте ги отсраниле сите мравки, земете јаболков оцет во шише со спреј и испрскајте го патот на мравките.

Тестирање ја pH вредноста на почвата

Некои растенија се одгледуваат исклучиво во кисела почва, додека други претпочитаат алкална. Затоа, мора да ја знаете PH вредноста на почвата и да одгледувате растенија според неа.

Тестирајте ја почвата со оцет и сода бикарбона: Во неколку чаши, соберете почва од различни делови на градината или дворот. Истурете оцет во една чаша со земја. Ако почвата почне да се пени, тоа значи дека вашата почва е алкална. Што значи дека нејзиниот PH е над 7.

Ако нема реакција, земете друг примерок и истурете сода бикарбона и малку вода во неа. Ако почвата почне да се пени, тоа значи дека нејзиниот PH е под 7, што значи дека имате кисела почва.

Поубави цвеќиња со помош на сода бикарбона

За цвеќиња што напредуваат само во алкална почва, како што се хортензии, бегонии и гераниуми, можете да ги поттикнете да цветаат уште поубаво со помош на сода бикарбона. Само додајте малку сода бикарбона во вода пред да ги наводнете цвеќињата со неа.

Ако сакате хортензиите да траат подолго во вашата вазна дома, сторете го истото. Промешајте сода бикарбона во вода и ставете ги хортензиите во оваа комбинација. Тие ќе ја красат вашата куќа со недели.

Ги елиминира полжавите

Ако сакате да се ослободите од полжавите во вашата градина, запомнете, не мора да користите хемикалии. Направете “заштитна патека” околу растенијата од сода бикарбона со истурање директно на земјата, па полжавите нема да се доближуваат околу нив. Никако не истурајте сода бикарбона директно врз полжавчињата бидејќи може да ги уни-шти. Доволно е да ги заштитите своите растение, а полжавчињата да си шетаат во вашиот двор, бидејќи и тие се жив украс на природата.

Направете го доматот сладок како јаболко

Едноставно намалете ја киселоста на почвата околу доматите со прскање сода бикарбона на земјата. Ова ќе го направи вашиот домат да има сладок и полн, сочен вкус.

Подмладување на растенијата

Сода бикарбона има својство на подмладување на растенијата. По третманот со сода бикарбона, цветовите ќе цветаат и ќе цветаат како никогаш досега. Доволно е да направите раствор од вода со сода бикарбона и малку морска сол (растворете една лажица сода бикарбона и една лажица морска сол во пет литри вода). Со оваа комбинација наводнете ги растенијата, грмушките, живата ограда и се што сакате да расте.

За уни-штување на плевелот

Можете да ги уни-штите плевелите што не сакате да растат околу вашата куќа со сода бикарбона. Прелијте го плевелот со вода, а потоа ставете многу сода бикарбона. Внимавајте да не го ставите директно на растенијата што ги сакате, бидејќи може да го уни-шти растението во коренот.

За отстранување на црви од зелка, карфиол или брокула

Измешајте еднакви делови сода бикарбона и брашно и со таа смеса посипете ја зелката, карфиолот или брокулата. Црвите, кога ќе помирисаат сода бикарбона, веднаш ќе се тргнат од неа.

Исчистете ги рацете по градинарството

Секој што работел во градината знае како рацете ја апсорбираат земјата и дека нечистотијата е тешко да се отстрани. Сега можете да ги исчистите рацете со сода бикарбона и тоа без б олка. Нанесете сода бикарбона на влажни раце, потоа тријте и ќе видите како исчезнува нечистотијата од порите.