БАУНТИ КОЦКИ: вкусен, брз и едноставен колач кој потсетува на купечките чоколатца. „Здраво ја сум Дука, а за овој рецепт дознав уште во 2014 година кога бевме на гости кај кумовите. Многу ми се допаднаа колачите кои ги имаше направено кумата, па веднаш си го запишав рецептот.“
Колачот е многу вкусен, брзо се подготвува, а на љубителите на кокос ќе им стане омилен. Се подготвува за 30 минути, а се јаде за 5. Досега на никој не му било доволно едно парче од овој колач, а со сигурност можам да кажам дека децата најмногу го обожаваат.
Потребни состојки: 4 jajца, 200 г шеќер, 200 г брашно, 100 мл масло, 100 мл вода, 2 големи лажици какао во прав, 2 големи лажици рум, 1 кесичка прашок за печиво. За прелив: 200 мл топло млеко.
И уште за крем: 3 чаши кисела павлака (600 мл), 8 големи лажици шеќер, 200 г кокосово брашно. За глазура: 200 г чоколадо за готвење и 2-3 големи лажици масло.
Постапка: За бисквитот прво изматете ги белките во цврст снег. Жолчките изматете ги со шеќерот, па додајте масло, вода, рум, какао, брашно со прашок за печиво. На крај оваа смеса измешајте ја со цврстиот снег од белки.
Печете го бисквитот во среден плех обложен со хартија за печење, на 180 степени, околу 20 минути. Толпиот бисквит избоцкајте го со чепкалка и прелијте го со топло млеко и оставете да се олади. За кремот измешајте ја павлаката со шеќерот и кокосовото брашно.
Со ова премачкајте ја изладената кора од колачот. За глазура: Чоколадото со масло растопете го на пареа и прелијте го колачот. Добро изладете пред послужување. Исечете на коцки и послужете со кафе. Пријатно сладење!!
Многу брзи баунти штангли, без печење – се приготвува во посна и мрсна варијанта. Колачот се приготвува навистина многу брзо и погоден е за секакви пригоди.
Има одличен вкус и може да се приготви како посен или мрсен колач. Баунти бајадерата без печење е готова за многу кратко време и со малку ладење може веднаш да се послужи.
Може да се сече и во коцки и во штангли, по ваша желба. Сигурна сум дека ќе уживате во ова слатко задоволство. За сите љубители на кокосот.
Потребни состојки: 300 г мелени бисквити, 200 г црно чоколадо и 200 мл млако млеко (за посно: оризово или бадемово млеко). За фил: 500 мл млеко (за посно: оризово или бадемово млеко), 100 г шеќер, 80 г гриз и 170 г кокос. За глазура: 150 мл слатка павлака и 150 г црно чоколадо.
Постапка: Ако ја приготвувате посната варијанта користете посни бисквити и оризово или бадемово млеко, а глазурата направете ја од црно чоколадо и малку масло. Измешајте мелени бисквити и изрендано чоколадо. Полека долевајте млеко и месете.
Смесата за кора распоредете во калап 30 х 20 см или во помал ако сакате колачот да ви биде повисок. Само не го ставајте во поголем од овој, зошто колачот ќе излезе многу тенок. Истресете ја смесата, па со дланката или со задниот дел од лажицата (или чаша) притиснете насекаде подеднакво.
Млекото со шеќерот ставете го на оган да проврие. Потоа додајте го гризот и мешајте додека малку да згусне. Кога ќе згусне како пудинг тргнете го од оган па додајте го кокосот и мешајте. Кокосот дополнително ќе ја стегне смесата. Тргнете го од оган малку да излади, да не биде врело.
Потоа лажица по лажица ставајте од смесата врз кората и израмнете со шпатула. Загрејте ја слатката павлака и искршете го чоколадото. Со врелата слатка павлака прелијте преку чоколадото и мешајте додека целосно да се растопи и соедини. Прелијте преку филот од кокос и оставете убаво да излади и да се стегне.