БАСБОУСА… Арапски специјалитет…Колач од гриз и кокос…Ако ја сакате баклавата, пробајте го и ова…
Доколку ги сакате баклавите и тулумбите, тогаш сигурно ќе го сакате и овој овој деликатес. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 јајца
200 мл јогурт
200 мл масло
200 г шеќер
300 г гриз
100 г кокос
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
За сируп варете 5 минути:
200 г шеќер
500 мл вода
ПОСТАПКА:
Со жица маталка соединете ги јајцата со шеќер, ванила, јогурт, масло, прашок за печиво, гриз и кокос. Смесата треба да биде полутечна и густа, без грутчиња.
Калап со средна големина намастете го со масло и посипете го со брашно. Рерната загрејте ја на 200 степени. Сипете ја смесата, протресете за да се распореди и ставете да се пече 40 минути.
За тоа време сварете го сирупот. Печениот колач оставете неколку минути да подизлади, па исечете го на коцки и рамномерно залијте го со сирупот и посипете го со кокос. Постапката погледнете ја ОВДЕ.