БАНИЦА СО СИРЕЊЕ со готови кори…Многу брза и вкусна пита на наједноставен начин, како што ме научи баба ми…Рецепт и фото на Јорданка Тодорова. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца
1 чаша кисело млеко
1 лажичка сода бикарбона или прашок за печиво
300 г сирење
1 пакување готови кори (500 г)

И уште:
растопен путер или масло за посипување на корите и одозгора (најубаво е комбинација од путер и масло)
100 мл газирана вода

ПОСТАПКА:

Изматив 4 јајца, додадов 1 чаша кисело млеко, 1 лажица сода бикарбона, 300 г ситно сирење.

Земам лист кора за пита, го премачкувам со малку маснотија. Ставам втор лист, филувам и виткам во ролат, па го редам во плех.

Одозгора питата намачкајте ја со остатокот од филот, маснотија и 100 мл газирана вода. Печете во загреана рерна на 180 степени додека да зарумени.

ТУРСКА ГИБАНИЦА со сирење и готови кори по ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ

ПИТА-БУРЕК СО ГОТОВИ КОРИ: Толку вкусна што еве пак ја правам…Брзо и лесно!

ПИТА СО ГОТОВИ КОРИ И ГАЗИРАНА ВОДА…Многу вкусна, брзо се прави, однадвор крцкава, а однатре сочна…